Национална црква на Нигерија, претходно позната како Национален екуменски центар, а официјално именувана како Национален христијански центар — христијански храм и главна црква во Нигерија. Црквата се наоѓа во Абуџа.
Историја Црквата била дизајнирана во постмодернистичка верзија на неоготски архитектонски стил. Црквата била дизајнирана од нигериската архитектонска форма Дарчиворк Груп, со седиште во Лагос. Изградбата на црквата била направена од италијанската фирма Гито Конструциони Генерали Нигериа.
Проектот бил започнат во 1989 година, и изградбата се одвивала многу споро сè до 2004 година. Тогаш, Христијанската Асоцијација на Нигерија презела чекори за побрзо завршување. Изградбата завршила на 2 октомври 2005 година, симболично поклопувајќи се со 45 годишнината од независноста на државата.
Поврзано Абуџа Нигерија Христијанство во Нигерија
Категорија:Цркви во Нигерија Категорија:Абуџа