Франсистаун (англиски: Francistown) — град во Боцвана. Со своите 100.079 жители во градското подрачје, или со 150.800 со околината според последниот попис Франсистаун е втор најголем град во државата. Поради својата големина и значајност често се именува како „Главен град на Северот“. Франсистаун се наоѓа во источниот дел на Боцвана, на околу 400 км од Габороне, главниот град на државата. Самиот град се наоѓа на спојот на реките Тати и Инчве, и во близина на Лимпопо. Границата со Зимбабве е на 90 км од градот. Франсистаун бил прв центар при златната треска во Јужна Африка. Во околината на градот сè уште има напуштени ископини и рудници Градот не е дел од Североисточниот округ и е управуван од Градскиот совет на Франсистаун.Laws of Botswana , Ministry of Local Government

Демографија Уште од самото основање на градот бројот на населението е во подем претежно поради рударството и поради фактот што бил железнички центар во 19 век. Околината на Франсистаун е традиционален дом на народот Бакаланга, втора најголема етничка група во државата. Во скоро време забележана е имиграција на нелегални имигранти од соседното Зимбабве. Година Население %+ 1964 9521 1971 18612 951981 31065 651991 38524 292001 84406 110

Клима

Збратимени градови Генк, Белгија Булавајо, Зимбабве

Поврзано Боцвана Градови во Боцвана

Наводи

Надворешни врски Училиште за тенис Франсистаун Средно училиште во Франсистаун

Категорија:Градови во Боцвана Категорија:Населени места основани во 1897 година