Либешево (, Агиос Илијас; до 1927 година Λιμπίσοβο, ЛибисовоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπίσοβο -- Αϊλιάς; до 1949 Αϊλιάς, АјлијасΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αϊλιάς -- Άγιος Ηλίας) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021). Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.
Географија и местоположба Селото лежи западно од селото Жиковишта и југоисточно од селата Долени и Мангила на надморска височина од 1 000 м. Припаѓа на групата македонски села од Костенаријата. Атарот на селото е мал, околу 6 квадратни километри.
Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Либешево е чисто македонско село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство. Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Либешево е забележано како село со 350 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е променето во Ајлијас, а во 1949 година во Агиос Илијас.
Меѓу двете светски војни доста жители од селото емигрирале во прекуокеанските земји заради сиромаштијата, но и заради малтретирањето од страна на грчките власти.
За време на Граѓанската војна селото настрадало, било напаѓано од вооружени банди и монархистите. Сепак, селото не се распаднало.
Демографија Пописи Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 323 жители 1920 - 253 жители 1928 - 247 жители
Стопанство Населението во селото произведува жито и компири, а во помала мера се занимава и со сточарство.
Наводи
Категорија:Рупишта