Никола Симеонов Андреев, познат по псевдонимите Алај беј и Кољо Мокренски (Мокрени, 8 април 1879 — Мокрени, 11 август 1911) — македонски револуционер, костурски војвода, член на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11
Животопис мини|лево|250п|Здружените костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Иван Попов, Пандо Кљашев, Никола Симеонов Андреев и Манол Розов по преземањето на Клисура. Никола Симеонов Андреев е роден на 8 април 1879 година, во селото Мокрени, Костурско. По завршувањето на 6-ти клас во Битола, школувањето го продолжил во Военото училиште во Софија, но не го завршил. Завршил гимназија во Варна, Бугарија. Во 1902 година бил назначен за војвода на чета во Костурско.
Активно се вклучил во македонското ослободително движење во Костурско и Леринско. За време на Илинденското востание учествувал во заземањето на Невеска и Клисура, заедно со здружените костурски востанички чети. По востанието заминал во Бугарија, но во 1904 година, повторно се вратил во Костурско и дејствувал како војвода на чета до 1907 година.
За време на Младотурската револуција во 1908 година, се повлекол и работел како учител во родното село, но во 1910 година, повторно ја продолжил борбата против турската власт во Македонија.
Убиен е на 11 август 1911 година, од страна на врховистите, а според бугарските извори тој бил убиен од свој соселанец, Турчето.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 9.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија