Марина Вјазовска (украински: Марина В'язовська); родена во година) е украинска математичарка, позната по тоа што во 2016 година го решила проблемот на сферно пакување во димензијата 8 а во соработка со други научници, во димензијата 24. Претходно овој проблем бил решен само за три или помалку димензии, а доказот за тридимензионалната верзија (Кеплерова претпоставка) барал исцрпни компјутерски пресметки. Наспроти ова, доказот на Вјазовска за димензиите 8 и 24 е „неверојатно едноставен”.

Како студент на киевскиот национален универзитет „Тарас Григорович Шевченко“, Вјазовска се натпреварувала на меѓународниот математички натпревар за универзитетски студенти во 2002, 2003, 2004 и 2005 година и била меѓу првите во 2002 и 2005 година.IMC official results: 2002, 2003, 2004, and 2005. Accessed 2016-04-07. Дипломирала во 2010 година на Институтот за математика при Националната академија на науките на Украина, а во 2013 година докторирала на Универзитетот во Бон. Нејзината докторска дисертација, Модуларни функции и специјални циклуси, се занимава со аналитичка теорија на броевите, а ментор ѝ бил Дон Цагир.

Покрај тоа што е позната по својата работа на полето на сферното пакување, Вјазовска е позната и по своето истражување на сферните дизајни, што го вршела во соработка со Бондаренко и Радченко. Заедно со нив ја докажала претпоставката на Коревар и Мејерс за постоење на мали шари во произволните димензии. Овој резултат бил едан од придонесите за кои нејзиниот соработник Адриј Бондаренко ја освоил наградата „Васил А. Попов“, во 2013 година.

Во јули 2022 г. Вјазовска била наградена со престижниот Филдсов медал.

Наводи

Категорија:Украински математичари Категорија:Носители на Филдсовиот медал Категорија:Математичарки Категорија:Живи луѓе