Дијана Абгар (, – ) - ерменска писателка, дипломат и амбасадор во Јапонија на краткотрајната Република Ерменија во 1918-1920. Таа е првата жена од Ерменија дипломат, и веројатно првата жена која била назначена за дипломатска функција.
Животопис Дијана Абгар, чие крстено име било Гајана, е родена во Рангун, Британска Бурма (денес Јангон, Мјанмар) на 12 октомври 1859 година. Нејзиниот татко имал индиско-ерменско потекло, кој мигрирал во југоисточна Азија од Персија. Нејзината мајка потекнувала од семејство од Иран. Дијана била најмладото од седумте деца во семејството. Детството го поминала во Калкута, каде се школувала. Течно зборувала англиски, еременски и хиндустански јазик. Се омажила со Михаел Абгар.
Во 1891 година, Дијана и нејзиниот сопруг се преселиле во Јапонија заради проширување на семејниот бизнис. Имале пет деца, од кои само три преживеале.
Дијана Абгар очинала во утрото на 8 јули 1937 во Јокохама.
Дипломатска кариера Кога Република Ерменија прогласила независност на 28 мај 1918 година, не била призната како држава од никого. Сепак, во 1920 година, поради напорите што ги вложила Дијана Абгар, Јапонија била првата држава која ја признала независноста на Ерменија. Поради овие заслуги, Дијана Абгар се здобила со титулата „почесен конзул во Јапонија“. Со ова, Дијана Абгар станала првата ерменска жена дипломат. Во 1920-те години, кога Ерменија влегува во составот на СССР, нејзината функција била укината.
Дела Откако синот го презел семејниот бизнис, Дијана Абгар имала повеќе слободно време, што го посветила на хуманитарната, книжевната и дипломатската кариера. Соработувала со бројни списанија и весници, меѓу кои: „Јапонскиот гласник“, „Далечниот Исток“, „Јапонски службен весник“, и „Еремнија“ (подоцна прекрстен во „Нова Ерменија“). Најчесто пишувала за ерменските настани во рамките на Отоманското Царство. До 1920 година, таа напишала девет книги посветени на ерменскиот геноцид. Исто така пишувала статии за меѓународните односи и влијанието на империјализмот врз глобалниот мир.
Наводи
Категорија:Ерменски писатели Категорија:Ерменски политичари Категорија:Жени во политиката