Референдум во Општина Богданци (2017) — референдум на територијата на Општина Богданци кој се одржал на 11 јуни 2017 година.Во Богданци референдум за рудникот во Казандол, Македонска радио-телевизија, 04.05.2017 Референдумот бил распишан со одлука на Советот на Општина Богданци.„Во Богданци ќе се гласа на референдум за рудникот во Казандол“ , „Академик“, 3.05.2017.

Жителите на Општина Богданци се изјаснувале по две референдумски прашања: дали се за или против да се стопира изградбата на рудникот Казандол и дали се за или против отворање рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини во општината.

Цензусот за излезност од 50% бил надминат, со што референдумот бил успешен.

Поврзано Општина Богданци

Наводи

Категорија:Референдуми на локално ниво во Македонија Категорија:Општина Богданци