Иво Санадер ( во ) — хрватски политичар кој бил осми премиер на Хрватска во периодот 2003–2009. На таа функција се задржал пет и пол години, со што е премиер со најдолг стаж од независноста на Хрватска. Тој е исто така единствен премиер кој служел во два мандати по победите на парламентарните избори во 2003 и 2007.

Санадер изучувал компаративна книжевност во Австрија, каде работел како новинар, советник за маркетинг и во издаваштвото. Во 1990-тите за кратко работел во администрацијата на народниот театар во Сплит, а потоа во 1992 станал министер за наука и технологија во кабинетот на премиерот Хрвое Шариниќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Во 1993 преминал во дипломатијата и служел како заменик министер за надворешни работи во два мандати (1993–1995 и 1996–2000).

По смртта на Фрањо Туѓман, Санадер бил избран за водач на ХДЗ во 2000 година, и партијата ја предводел до две последователни победи на парламентарните избори во 2003 и 2007. Во декември 2003 станал премиер на Хрватска, а во јуни 2009 ненадејно си поднел оставка и исчезнал од јавниот живот. Во 2010 се обидел да се врати на политичката сцена, по бил исфрлен од членството во ХДЗ.

Во декември 2010 хрватските власти иницирале две постапки во кој го сомничат Санадер за корупција. Санадер побегнал од земјата, но бил уапсен во Австрија и испорачан во Хрватска во јули 2011. Во ноември 2012 бил осуден на казна затвор од 10 години, но по жалбата до Врховен суд, казната му била намалена на 8 1⁄2 години. Уставниот суд ја поништил пресудата во 2015. Иако хрватските политичари биле осудувани на затвор во Југославија, Санадер бил прв премиер и највисок владин функционер кој лежел затвор.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Иво Санадер на CIDOB Foundation

Категорија:Хрватски министри Категорија:Хрватски премиери Категорија:Хрватски политичари Категорија:Живи луѓе