Основно училиште „Атанас Нивичански“ (официјално: Подрачно основно училиште „Атанас Нивичански“ - Висока Маала; скратено: ПОУ „Атанас Нивичански“) — подрачно основно училиште во селото Висока Маала, составен дел на истоименото училиште од селото Нова Маала.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Атанас Нивичански.

Местоположба

Новото училиште се наоѓа на самиот влез во селото, додека старата училишна зграда се наоѓа во самото село, во непосредна близина на селската џамија.

Историја

Училиштето добило нова училишна зграда во учебната 2017/18 со поддршка на агенцијата ТИКА од Турција, а во училишниот двор било изградено спортско игралиште.

Настава

Наставата се изведува единствено на турски наставен јазик во 3 паралелки, од кои две комбинирани.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Василево Категорија:Висока Маала Висока Маала