мини|300п|десно|Поглед на блоковите од студентскиот дом „Гоце Делчев“
Студентски дом „Гоце Делчев“ — студентски дом во Скопје. Градбата е дело на архитектот Георги Константиновски. Објектот има капацитет за вдомување на 1200 студенти.Константиновски, Г. (2015). „Патот на еден архитект“. Култура. Скопје.стр. 37.
Историја На 13 ноември 1969, на денот на ослободувањето на Скопје, започнала изградбата на Студенскиот дом во населбата Тафталиџе. Објектот бил проектиран со 4 блокови за 300 студенти во еден станбен блок. Во нив, собите се поделени на еднокреветни, двокреветни и брачни соби. Освен сместувачки капацитет, домот е изграден со простор наменет за спортски игралишта, библиотека, кујна и парк за одмор и рекреација.
Архитектура Во текот на обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, архитектурата била во подем. Особено популарен стил во овој период бил модернизмот, со посебен осврт на бетонскиот брутализам, стил карактеристичен по тоа што се одразува со геометриски теми и груб бетон. Посебниот изглед на студентскиот дом го прикажува животот на студентите со посебни драматични детали и одлики.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Згради и градби во Скопје Категорија:Студентски домови во Скопје Категорија:Бруталистичка архитектура во Македонија