Тушемишта — село во Поградец, Област Горица, во југоисточниот дел на Албанија.Location of Tushemisht Сместено е на јужниот брег на Охридското Езеро, недалеку од границата со Македонија и манастирот „Св. Наум“.

До 2015 година, селото било дел од Општина Старово, кога била направена управна реформа и селото влегло во зголемената Општина Поградец.

Крај селото се наоѓа изворишниот парк на реката Волорека, на албански позната и како Дриљон или Дрилон.

Селото е познато по снимањето на филмот „Дамата од градот“ (Zonja nga qyteti).

Историја Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во XIX век, Тушеништа било албанско христијанско село во Старовската Каза.

Според Божидар Видоески во Тушемишта живее македонско население.

Знаменитости мини|десно|Црквата „Св. Пантелејмон“ Црква „Св. Пантелејмон“ со ранохристијански мозаик прогласен за споменик на културата Парк „Волорека“ на извориштето на истоимената утока на езерото, прогласен за споменик на природата

Личности Ѓерѓ Пекмези (1872 – 1938) — јазичар

Поврзано Поградец (округ)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поградец (општина) Категорија:Села во Албанија Категорија:Македонско-албанска граница Категорија:Македонско-албански гранични премини