Тур де Свис 2017 (познато и како: Трка околу Швајцарија 2017) — 81. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис, која се одржала помеѓу 10 и 18 јуни како дваесетичетврти настан во сезоната на Светската турнеја.
Вторпат во три години, словенечкиот возач Симон Шпилак () ја освоил трката откако го презел водството на трката на седмата етапа, стигнувајќи сам до етапна победа кога трката завршила во Австрија. Завршил 48 секунди пред возачот на , Дамијано Карузо, додека подиумот бил заокружен од возачот на , Стевен Краусвајк, дополнителни 20 секунди зад Карузо.
Во другите пласмани на трката, возачот на , Петер Саган го освоил бодовниот пласман по шести пат во седум години откако го зголемил рекордот по број на етапни победи на трката - освоил две етапи стигнувајќи до 15 во кариерата; возачот на , Ласе Норман Хансен повел во планинскиот пласман, додека најдобро пласиран домашен возач бил Матијас Франк (), завршувајќи на седмото место. Екипниот пласман бил освоен од , при што Франк бил придружуван во првите десет од Доменико Поцовиво на четвртото место.
Екипи
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 22 екипи.
Рута
Рутата на трката била делумно објавена на 21 декември 2016 година, пред да биде потврдена целата патека на 2 март 2017 година.
Етапи Пролог
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Етапа 8
Завршен поредок
Поредок
На Тур де Свис 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Постоеле и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на завршницата на етапите; првите тројца добивале временски бонуси, освен на поединечниот хронометар: етапниот победник освојувал десет секунди, додека вториот и третиот шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2017 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, кој бил наградуван со црна маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите пет места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.
+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 Бодови за 20 15 10 6 4 Бодови за 12 8 6 4 2 Бодови за 8 6 4 2 1 Бодови за 3 2 1 0
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со сина маичка. За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.
Четвртата маичка го претставувала пласманот на швајцарски возачи, обележан со црвена маичка. Пласманот се одлучувал на ист начин како генералниот пласман, но само со возачи родени во Швајцарија, кои можеле да учествуваат во пласманот.
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.
+ Водство по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п Планински пласман25п Бодовен пласман25п Пласман на швајцарски возачи25п Екипен пласман25п 1 Роан Денис Роан Денис недоделена Роан Денис Штефан Кинг 2 Филип Жилбер Штефан Кинг Ласе Норман Хансен Николас Дугал 3 Мајкл Метјус Мајкл Метјус Мајкл Метјус Михаел Албасини 4 Лоренс Ворбас Дамијано Карузо Матијас Франк 5 Петер Саган Петер Саган 6 Доменико Поцовиво Доменико Поцовиво 7 Симон Шпилак Симон Шпилак 8 Петер Саган 9 Роан Денис На крај Симон Шпилак Ласе Норман Хансен Петер Саган Матијас Франк
Наводи
Извори
Надворешни врски
Категорија:Тур де Свис Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Швајцарија во 2017 година