Намик Хамза Докле (, р. , ) — албански политичар со македонско етничко, горанско потекло, поранешен вицепремиер на Албанија и поранешен претседател на парламентот на Албанија.
Животопис Ран живот Роден е на 11 март 1946 година во Драч. По народност е Горанец - албански Македонец, со потекло од с. Борје, Кукушко. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство.
Кариера Помеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 г. е главен уредник на весникот „З`ри и Популит“.
Намик Докле е еден од раководителите на социјалистичката партија на Албанија од 1991 година. Помеѓу 1991-2000 година е пратеник од СПА во албанскиот парламент. Од 1992 до 1997 година е претседател на парламентарната група на СПА, како и заменик-претседател на СПА (1992-1996). Од 2001 до 2002 година е претседател на парламентот на Република Албанија.Republika e Shqipërisë KUVEND. Tiranë 2005 Во третата влада на Фатос Нано (2002-2005) е вицепремиер.
Ги владее шпанскиот, францускиот и рускиот јазик.
Наводи
Поврзано Назиф Докле Зехрудин Докле
Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Вицепремиери Категорија:Албански министри Категорија:Албански политичари Категорија:Родени во Драч Категорија:Горанци Категорија:Албанци со македонско потекло Категорија:Живи луѓе