Антони Пешев (р. во Скопје) — македонски политичар, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Животопис

Антони Пешев е роден во година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот универзитет во Скопје по специјалност компјутерска техника и автоматика.

Во периодот од 4 септември 1992 година до 20 декември 1994 година ја извршувал функцијата Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија на Република Македонија. По авионската несреќа кај Охрид, која била трета авионска несреќа во последните 16 месеци, поднел оставка од морални причини.

На 18 февруари 2010 година бил избран за потпретседател на Стопанската Комора на Република Македонија, додека во 2015 година станал Претседавач на Собранието на Стопанската комора на МакедонијаПретседавач на Собранието на Стопанската комора .

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Министри за транспорт и врски на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1992 Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје