Дамјан Манчевски ( во Скопје) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација во владата од 2017. Тој во 2005 година дипломирал на Eлектротехничкиот факултет во Скопје, а пред тоа бил потпретседател на подмладокот на СДСМ во периодот 2001–2003.Потпретседатели на СДСМ Sdsm.org.mk (04.06.2013) Манчевски бил избран за член во советот на град Скопје по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ. Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016. По изборите станал пратеник како кандидат од првата изборна единица, а потоа и министер во владата на Зоран Заев. Манчевски е оженет и татко на две деца.Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација A1on.mk (01.06.2017)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Влада на Република Македонија од 2017 Категорија:Министри за информатичко општество и администрација на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје