Сезоната 2017/18 на КК Работнички - 26. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 72. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак.
Преглед на сезоната Претсезонски подготовки и промени Разигрувачот од ланската сезона, Владо Илиевски, се пензионирал како кошаркар. Исто така, центарот Ненад Мишановиќ го напуштил Работнички и се преселил во кипарското првенство. Работнички се пријавил во ФИБА Лигата на Шампионите за престоечката сезона. Веднаш потоа крилниот центар Бојан Крстевски станал старо-нов играч на клубот. Откако Карпош Соколи добил право на учество во квалификациите, Работнички се пријавил за учество во ФИБА Европа Купот, при што му било одобрено да учествува во квалификациите на ова натпреварување. Во меѓувреме, клубот го напуштил Андреј Маслинко кој потпишал за МЗТ Аеродром. На крајот на јули, Кирил Павловски го напуштил Работнички, селејќи се во новиот прволигаш Гостивар. Исто така, и Диме Тасовски во август се преселил во Гостивар.
Од Работнички заминал Лука Петровски кој се преселил во второлигашот Вардар.
Во средината на август, во клубот пристигнал Бугаринот Чавдар Костов, кој играл на позицијата бек. На крајот на месецот, во екипата пристигнал Маркус Гинјард како крилен центар, како и разигрувачот Кори Луциус. За престојната сезона, Работнички ги задржал Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски, Петар Николиќ и Виктор Ефремовски.
Септември Во средината на септември пристигнал Србинот Дарко Чохадаревиќ за на позицијата центар. Во првиот натпревар од првата квалификациска рунда на ФИБА Европа Купот, Работнички на гости загубил од руска Парма со 88:63. Истакнати играчи биле Чавдар Костов со 22 бода и шест скокови, и Кори Луциус со четири асистенции.
Во вториот натпревар одигран во Вип арената Борис Трајковски, Работнички пак загубил од Парма со 73:95 и со тоа бил елиминиран. Маркус Гинјард завршил со 26 бода и пет асистенции, додека Ѓорѓи Чековски остварил седум скокови.
По двомечот со Парма, Кори Луциус го напуштил клубот по истекот на едномесечниот договор.
Октомври Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на Куманово 2009 и го победил со 88:91 по продолженија. Чавдар Костов имал 30 бода и осум скокови, исто толку скокови имал Дарко Чохадаревиќ, додека Маркус Гинјард завршил со шест асистенции.
Заради пополнување на позицијата 1 и 2, во Работнички пристигнал Расел Робинсон, кој последен пат играл во полски Шчеќин.
Во второто коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 80:63. Најдобар бодтер и скокач бил Ѓорѓи Чековски со 22 бода и осум скокови, а Петар Николиќ и Чавдар Костов имале шест асистенции.
По натреварот со Фени, како што претходно било најавено, Дарко Чохадаревиќ го напуштил Работнички.
Во третото коло Работнички на гости го победил Кожув со 53:94. Маркус Гинјард постигнал 27 бода и остварил осум скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.
Во четвртото коло Работнички дома го победил Пелистер со резултат 105:49. Маркус Гинјард бил најдобар бодтер со 28 бода, Ѓорѓи Чековски завршил со осум скокови и пет асистенции, исто толку асистенции колку и Петар Николиќ.
Ноември Во петтото коло Работнички на гости славел против Шкупи со 85:103. Најистакнати играчи биле Маркус Гинјард со 37 бода, Ѓорѓи Чековски со 13 скокови и Расел Робинсон со шест асистенции.
Во шестото коло Работнички дома ја совладал Блокотехна со 71:55. Чавдар Костов натпреварот го завршил со 15 бода и 14 скокови, а Димитар Мираковски стигнал до шест асистенции.
Во седмото коло Работнички на гости го победил Гостивар со 76:78. Маркус Гинјард имал постигнато 18 бода и седум асистенции, а Бојан Крстевски остварил осум скокови.
Центарот Кирил Николовски кој сезоната ја започнал во Карпош Соколи, се преселил во Работнички.
Декември Во осмото коло Работнички како гостин го победил МЗТ Аеродром со 71:76. Маркус Гинјард постигнал 20 бода, Кирил Николовски остварил 13 скокови, додека Чавдар Костов, Расел Робинсон и Димитар Мираковски завршиле со по четири асистенции.
Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил АВ Охрид со 95:75. Истакнати играчи биле Бојан Крстевски со 19 бода, Чавдар Костов со девет скокови и Димитар Мираковски со осум додавања.
Во десеттото коло Работнички како гостин во Градски Парк го победил Карпош Соколи 2000 со 61:99. Виктор Ефремовски бил најуспешен стрелец со 23 бода, Славчо Темелковски завршил со 15 скокови и Петар Николиќ остварил шест асистенции.
Во единаесеттото коло Работнички дома ја победил Струмица со 108:57. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 26 бода, Ѓорѓи Чековски со десет скокови и Димитар Мираковски со седум додавања.
Јануари Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против Куманово 2009 со 81:77. Најдобар бодтер бил Маркус Гинјард со 19 бода, со девет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски и Чавдар Костов со седум додавања завршил како најдобар додавач.
Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Фени Индустри со 55:74. Најистакнати кошаркари биле Димитар Мираковски со 14 бода и шест асистенции, и Ѓорѓи Чековски со девет скокови.
Во четиринаесеттото коло Работнички на домашен терен го поразил Кожув со 76:64. Расел Робинсон остварил 17 бода, Кирил Николовски имал 11 скокови, додека Ѓорѓи Чековски завршил со три асистенции.
Февруари Во петнаесеттото коло Работнички на гости го победил Пелистер со 57:106. Маркус Гинјард остварил 23 бода и шест скокови, исто скокови како и Бојан Крстевски, додека Расел Робинсон завршил со четири додавања.
Во шестнаесеттото коло Работнички во Градски Парк го победил Шкупи со 113:62. Со 18 бода Чавдар Костов и Маркус Гинјард биле најдобри бодтери, Ѓорѓи Чековски имал 10 скокови, а Димитар Мираковски остварил девет асистенции.
Во средината на февруари Ангел Тасевски, дотогашниот тренер на Карпош Соколи 2000, станал извршен директор на Работнички.
Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата Јасмин во Кавадарци го победил Карпош Соколи 2000 со резултат 103:49. Маркус Гинјард остварил 21 бод и седум скокови, исто скокови како и Кирил Николовски, а најдобар додавач бил Димитар Мираковски со девет асистенции.
Во полуфиналето, Работнички бил подобар од Куманово 2009 со 77:68. Кирил Николовски остварил 18 бода и десет скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.
Во финалето, Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со 67:76. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 24 бода, Чавдар Костов со 12 скокови и Расел Робинсон со пет асистенции.
Март Во седумнаесеттото коло Работнички на гостински терен ја поразил Блокотехна со 67:73. Науспешен кошаркар бил Кирил Николовски со 15 бода, десет скокови и три додавања, исто додавања како и Расел Робинсон.
Во осумнаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 74:49. Чавдар Костов имал постигнато 20 бода, Маркус Гинјард остварил десет скокови и Расел Робинсон завршил со осум асистенции.
Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против МЗТ Аеродром со 100:84. Поради недолично однесување, натпреварот бил прекинат, оставен да се доигра следниот ден, без присуство на публика. Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 31 бод и девет скокови, додека Димитар Мираковски имал девет додавања.
Во дваесеттотто коло Работнички на гости го победил АВ Охрид со резултат 69:100. Најдобар бодтер бил Чавдар Костов со 22 бода, Маркус Гинјард имал шест освоени топки, а Димитар Мираковски дошол до пет асистенции.
Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Карпош Соколи 2000 со 96:59. Кирил Николовски имал 24 бода и седум скокови, а Расел Робинсон остварил шест асистенции.
Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнал Димитар Караџовски кој се преселил од Куманово 2009.
Управниот одбор на МКФ одлучил, поради навивачките инциденти и можноста да биде забрането играње во Градски Парк, дека Работнички може да продолжи да игра во домашната сала, со засилени безбедносни мерки.
Во дваесет и второто коло Работнички ја победил Струмица на гостински терен со 77:103. Најдобар играч бил Кирил Николовски со 24 бода и 11 скокови, додека најдобар додавач бил Димитар Мираковски со седум асистенции.
Како засилување на позицијата 2, во Работнички пристигнал Шон Евас кој играл за аргентинска Бока Јуниорс.
Април Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил АВ Охрид со 55:85. Маркус Гинјард имал 21 бод, најдобар скокач бил Чавдар Костов, додека Димитар Мираковски и Расел Робинсон завршиле со четири додавања.
Во второто коло Работнички дома остварил победа против Гостивар со 71:57. Чавдар Костов имал 16 бода, Димитар Мираковски дошол до седум скокови и осум додавања, исто толку скокови како и Маркус Гинјард.
Во третото коло Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 83:82. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 20 бода, Бојан Крстевски со седум скокови и Расел Робинсон со пет додавања.
Во четвртото коло играл во салата Младост во Гостивар како домашна екипа бидејќи семафорот за 24 секунди не работел во салата Градски Парк. Во тој натпревар Работнички победил против МЗТ Аеродром со 92:74. Најдобар играч бил Шон Еванс со 19 бода и 12 скокови, а најуспешен додавач бил Расел Робинсон со осум асистенции.
Во петтото коло Работнички во гости ја победил Блокотехна НБ со 86:93. Димитар Мираковски имал 17 бода, Шон Еванс 11 скокови, а Димитар Караџовски бил со шест додавања.
Во шестото коло Работнички дома го победил АВ Охрид со резултат 100:64. Најистакнати кошаркари биле Бојан Крстевски со 15 бода, Ѓорѓи Чековски со шест скокови и Димитар Мираковски со пет додавања.
Во седмото коло Работнички на гости победил против Гостивар со 69:74. Најистакнат стрелец бил Чавдар Костов со 13 бода, Шон Еванс завршил со шест скокови, а Димитар Мираковски и Расел Робинсон заедно имале по пет додавања.
Во осмото коло Работнички дома го поразил Куманово 2009 со 109:76. Чавдар Костов имал 24 бода, најдобар скокач бил Кирил Николовски, а Расел Робинсон завршил со осум асистенции.
Мај Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од МЗТ Аеродром со 80:76. Најдобар стрелец бил Чавдар Костов со 29 бода, Шон Еванс бил со девет скокови, а Димитар Мираковски имал пет додавања.
Во десеттото коло Работнички дома победил против Блокотехна НБ со 78:65. Наистакнат бодтер бил Кирил Николовски со 16 бода, Маркус Гинјард завршил со седум скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до пет додавања.
Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички дома го победил Куманово 2009 со 101:72. Најдобри стрелци биле Расел Робинсон и Шон Еванс со 19 бода, најдобар скокач бил Еванс со десет скокови, и Ѓорѓи Чековски остварил четири додавања.
Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен го победил Куманово 2009 со 68:82. Најдобар бодтер и скокач бил Чавдар Костов со 20 бода и шест скокови, а најуспешен додавач бил Ѓорѓи Чековски со пет асистенции.
Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 81:65 повторно победил и со 3:0 во победи го елиминирал Куманово 2009. Најдобри стрелци биле Шон Еванс и Маркус Гинјард со 17 бода, најуспешни скокачи биле Бојан Крстевски и Еванс со девет скокови, додека најистакнат додавач со три додавања бил Ѓорѓи Чековски.
Во првиот натпревар од финалето, Работнички во Градски Парк го победил МЗТ Аеродром со 86:77. Чавдар Костов имал 21 бод, Шон Еванс завршил со 12 скокови, а Расел Робинсон остварил шест додавања.
Во вториот натпревар од финалето, Работнички во гости го поразил МЗТ Аеродром со 75:76. Најдобар играч бил Расел Робинсон со 22 бода и седум додавања, а најдобар скокач бил Шон Еванс со девет скокови.
Во третиот натпревар Работнички дома го победил МЗТ Аеродром со 87:84 и со 3:0 во победи станал првак на Првенството. Најдобар бодтер бил Чавдар Костов со 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Расел Робинсон завршил со пет додавања.
Состав и стручен штаб Играчки состав {| border="1" cellpadding="4" cellspacing="0" width="930px" align:text="center"