Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) — македонска политичка партија чиј претседател е Амди Бајрам. Партијата е основана во 1996.
Историја и учество на избори Партијата по своето формирање во 1996 за првпат самостојно учествувала на парламентарните избори во 1998, каде што освојува 3.577 гласови (0,3%) во првиот, односно 7.294 (0,9%) гласови во вториот круг со тоа освојувајќи 1 пратеничко место, кое претставува прво пратеничко место кое што е освоено од партија на Ромите во Република Македонија.Пратенички состав 1998-2000 , официјален портал на Собранието на Република Македонија Партијата го губи пратеничкото место на следните парламентарни избори во 2002.Пратенички состав 2002-2006 , официјален портал на Собранието на Република Македонија На парламентарните избори 2006 партијата се приклучила на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и повторно освојува едно пратеничко место.Пратенички состав 2006-2008 , официјален портал на Собранието на Република Македонија Партијата продолжила да учествува во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на парламентарните избори во 2008, 2011, 2014 и 2016. На сите овие избори партијата освојувала по едно пратеничко место.Пратенички состав 2008-2011 , официјален портал на Собранието на Република МакедонијаПратенички состав 2011-2014 , официјален портал на Собранието на Република МакедонијаПратенички состав 2014-2016 , официјален портал на Собранието на Република МакедонијаПратенички состав 2016-2020 , официјален портал на Собранието на Република Македонија
Во 2017 година, по повеќегодишно учество во коалициите предводени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, водачот на партијата, Амди Бајрам изјавил дека партијата нема повеќе да учествува во коалицијата.Амди Бајрам ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, МЕТА.mk, 22.12.2017
На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.
Наводи
Категорија:Политички партии во Македонија