Мира Алечковиќ (), (, - , ) — српска книжевница и поетеса.
Животопис Родена е на 2 февруари 1924 година во Нови Сад (крстена е во Николаевската црква како: Мирослава, но никој така не ја викал, туку само - Мира) како дете на Машан Алечковиќ, новинар родум од Требиње (од Засад, на патот кон Дубровничките Врати) и новосаѓанката Драгица Трпинац, која била инспектор во пошта и втора жена во безжичната телеграфија во Кралството СХС и Кралството Југославија. Мира Алечковиќ била прво женско дете кое се родило во ова српско херцеговско семејство Алечковиќ.
Во детството секое лето го поминувала на Косово кај сестрата на мајка ѝ Јелена, учитека, која ѝ ја пренела љубовта кон српската народна поезија (епска и лирска), каде се играла покрај реките Ситница и Лаба. Била една од најдобрите ученички на Десанка Максимовиќ и нејзина блиска пријателка, до крајот на нејзиниот живот, а Бранко Ќопиќ и бил венчален кум. По завршување на гимназијата патријархот Варнава ѝ укажал голема чест и ѝ понудил да ѝ биде покровител во нејѕиното понатамошно школување во странство на трошок на Српската православна црква, но тие планови ги спречила неговата ненадејна смрт. Студирала и завршила општа книжевност и славистика во Белград, како најдобра студентка во класата на поѕнатиот српски јазичар, професор на Белградскиот универзитет и академик Александар Белиќ, а потоа и виша Фушеова школа на Сорбона. Била полиглот и зборувала дури десет (10) странски јазика: француски, германски, англиски, руски, италијански, полски, чешки, македонски, словенечки и словачки.
Била изразит хуманист, а пријателства и културни врски воспоставувала низ целиот свет, можеби најмногу со руски и француски писатели и интелектуалци, но и со творци од голем број на земји од сите континенти. Имала три деца, две ќерки и син.
Мира Алечковиќ умрела на 27 февруари 2008 година во Белград, во 85-ата година од животот. Погребана е на 3 март, со воени почести, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта.
Дело Творечкиот опус на Мира Алечковиќ го претставуваат 53 книги за деца и возрасни (околу 30 книги за деца, и околу 20 книги за возрасни) — поезија и проза. Нејзината поезија е длабока, мисловна и впечатлива, во која се занимава со прашањата за смислата, за животот и смртта, као и секогаш неизбежната љубов. Книгите поезија за возрасни содржат лирски песни кои се неоправдано заборавени и се запоставен дел од нејзиното богато творештво.
Го уредила првиот број на списанието „Пионер“ (српски: „Пионир“), кој во текот на војната е издаван илегално. По војната поетесата продолжила со општествената и книжевната работа. Ги уредувала првите повоени списанија и листови за млади: „Младина“ (српски: „Омладина“), „Младост“, „Полетарец“ (српски: „Полетарац“), и „Змеј“ (српски: „Змај“). Повеќе од четириесет години била главен и одговорен уредник на „Змеј“ (српски: „Змај“).
Поетското творештво на Мира Алечковиќ се појавува непосредно пред почетокот на Втората светска војна, а својата прва збирка песни „Ѕвездени балади“ („Звездане баладе“) ја издава по завршување на војната во 1946 година. Објавила уште дваесетина книги за деца и дваесетина дела поезија и проза за возрасни. И нејзината поезија и нејзината проза преведени се на повеќе од 20 јазика (руски, бугарски, романски, унгарски, полски, чешки, монголски, италијански, и на сите јазици на народите и народностите на СФРЈ.
Поетските дела на Мира Алечковиќ припаѓат на традиционалниот тек на поезијата која се верзува за Јован Јовановиќ-Змај, Гвидо Тартаља, Десанка Максимовиќ и Бранко Ќопиќ. Нејзината лирика се засновува на едноставност и искреност, пишувана е со едноставен јазик близок на децата. Со неа таа кај младите пробудува племенитост и секогаш е проткаена со хуманост, хуманизам и човекољубие. Посебно внимание посветува на љубовта помеѓу родителите и децата, а паралелно се бори и за почит кон детската личност. Сепак, најмногу има родољубиви мотиви, а најдобра илустрација на ова тврдење е збирката „Ѕвездени балади“ („Звездане баладе“).
За својата работа Мира Алечковиќ вели: Творење за деца за мене значи враќање кон самата себе, светот на детството, почист од светот на возрасните. Тоа е вечно барање на убавината, добрината и љубовта, потрага за засолниште кога ќе нè изневери светот на возрасните.
Збирки песни 1946 Ѕвездени балади (Звездане баладе) 1949 Денови разиграни (Дани разиграни) 1949 Три пролети (Три пролећа) 1952 Траги без стапки (Трагови без стопа) 1955 Пионерска пролет (Пионирско пролеће) 1956 Пријатели (Пријатељи) 1957 Ластовица (Ластавица) 1963 Сребрен воз (Сребрни воз) 1970 Сончани солитери (Сунчани солитери) 1972 Животот да биде љубов (Да живот буде љубав) 1975 Сонувач (Сањалица) 1980 Не можам без соништа (Не могу без снова) 1981 Затечена во љубов (Затечена у љубави) 1982 Патека со сребро извезена (Стаза сребром извезена) 1989 Ѕвездени балади (Звездане баладе)
Романи 1953 Сребрена коса (Сребрна Коса) 1960 Збогум голема тајно (Збогом велика тајно) Зошто ја караш реката? (Зашто грдиш реку?) Утро (Јутро)
Надворешни врски zmajeve decje igre br1 99/miraalec zmajeve decje igre br2-3 99/rodoljub rtvmajdanpek.com/forum seecult.org Pesnici u okviru Male biblioteke Преминула књижевница Мира Алечковић Мира Алечковић - добра вила из читанки („Вечерње новости“, 17. децембар 2015)
Категорија:Српски писатели Категорија:Српски поети Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)