Религијата во Зелен ’Рт има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата.
Христијанство Католичката црква во островската земја била основана од страна на португалските трговци во 1533 година. Дипломатските односи меѓу Ватикан и Зелен 'Рт биле воспоставени во 1976 година. Епархија во Мандело била поделена на два дела во 2003 година со кое била основана епархија во Сантјаго. Во 2011 година бил потпишан договор меѓу владата и Ватикан за создавање на правна основа за основање на католички училишта во земјата.
Денес повеќе од 93% од населението на Зелениот ’Рт се Католици, според податоците на локалните цркви.International Religious Freedom Report 2007: Cape Verde. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост. Околу 5% од населението се протестанти.Susanne Lipps: Kapverdische Inseln, p.47. Ostfilern 2009. Покрај овие две, во државата има помали групи на мормони и останати христијански деноминации како Црква на Адвентистите од седмиот ден, Нова апостолска црква, Пентекости итн.
Останати
Во земјата постои мала бахајска и мала муслиманска заедница. Бројот на атеисти се проценува на помалку од 1% од населението..
Наводи
Надворешни врски