Урсодеоксихолна киселина е природно создадена жолчна киселина. Во човечката жолчка е присутна во мали количини.
Како лек се употребува за: растворање на холестеролски камења лекување на примарна билијарна цироза лекување на хепатобилијарно заболување поврзано со муковисцидоза, кај деца од 6-18 години.
Механизам на дејство После орална примена, урсодеоксихолната киселина ја инхибира апсорпцијата на холестеролот во цревата и ја намалува секрецијата на холестерол во жолчката. Веројатно, како резултат на дисперзијата на холестеролот и формирањето на течни кристали настанува постепено распаѓање на холестеролските жолчни камења.
Категорија:Стероиди Категорија:Жолчни киселини