Мајка (руски: Мать) – советски филм од 1926 година, во режија на Всеволд Пудовкин, а според сценариото на Натан Зархи и Максим Горки, засновано врз истоимениот роман на Горки. Главните улоги ги играат: Вера Барановска, Николај Баталов, Александар Чистјаков и Иван Ковал-Самборски.
Содржина Мајката на Павел Власов се наоѓа среде виорот на Октомвриската револуција, а нејзиниот сопруг и синот се наоѓаат на спротивните страни за време на работничкиот штрајк. Штрајкот пропаѓа при што нејзиниот сопруг погинува, а таа избира да ги предаде идеалите на Павел, со намера да го спаси неговиот живот. Но, и покрај тоа, Павел е затворен и осуден на тешка робија. Додека тој е во затворот, неговата мајка им се придружува на револуционерите и заедно со стотици мажи маршира кон затворот, со цел да ги ослободи затворениците, кои знаат за тој план. Тогаш доаѓа до судир меѓу поворката и царската војска...Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015
Наводи
Категорија:Советски филмови Категорија:Филмови од 1926 година Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на Всеволд Пудовкин Категорија:Филмови со Вера Барановска Категорија:Филмови со Николај Баталов Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови засновани на романи