Ромарио де Соуза Фарија (роден на 29 јануари 1966 година), попознат како Ромарио (), е бразилски политичар, кој претходно бил познат како професионален фудбалер во светот. Како професиoнален фудбалер, со својата „клиничка“ завршница, се сметал за еден од најголемите напаѓачи на сите времиња."The Joy of Six: Great finishers". The Guardian. Retrieved 19 November 2013"Romario: Neymar isn't as good as me … yet" . MSN. Retrieved 19 November 2013 Ромaрио со Бразил триумфирал на Светското првенство во Америка во 1994 година, и бил избран за играч на турнирот. Истата година тој бил именуван за најдобар играч на светот. Тој бил избран во петте најдобри играчи на Фифа во 20-от век. Според анкетата спроведена на интернет во 1999 година, бил избран во Дрим тимот на ФИФА во 2002 година, и бил именуван во ФИФА 100 списокот на најголеми светски живи играчи во 2004 година."FIFA Player of the Century" . FIFA. Retrieved 19 November 2013.

На клупско ниво, по развојот на својата рана кариера во Бразил, Ромарио се преселил во ПСВ Ајндховен во Холандија во 1988 година. За време на своите пет сезони во ПСВ, клубот трипати станал шампион во Ередивисе, и постигнал вкупно 165 гола на 167 натпревари. Во 1993 година, тој се преселил во Браселона и станал дел од Дрим Тимот ", создавајќи извонредно напаѓачко партнерство со Христо Стоичков. Тој ја освоил Ла Лига во својата прва сезона и го завршил првенството како најдобар стрелец со 30 гола на 33 натпревари. За време на втората половина од неговата кариера, Ромарио играл за клубови во градот Рио де Жанеиро во Бразил. Тој ја освоил титулата со Васко де Гама во бразилската Серија А во 2000 година и бил трикратен најдобар стрелец во лигата. На крајот од неговата кариера тој кратко играл во Катар, САД и Австралија.

Со 55 голови во 70 настапи за Бразил, Ромарио е третиот најдобар голгетер за неговиот репрезентација, рангиран само зад Пеле и Роналдо."Romário de Souza Faria – Goals in International Matches". rsssf. Retrieved 19 June 2014 Тој е втор стрелец на сите времиња во бразилското првенство со 154 гола. Завршувајќи ја кариерата како врвен стрелец на многу различни натпревари, тој е еден од ретките напаѓачи кои го надминале бројот од 1.000 голови,"Romário completes a famous 1,000" . FIFA.com. 21 May 2007. и втор најплоден голгетер во историјата на фудбалот."Best Goalscorers All-Time (Official Matches)". RSSSF Archive. 25 September 2013.

Наводи

Надворешни врски

Player profile at Sambafoot.com Romário at Worldfootball.net

Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:ФИФА 100 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1966 година