БинкБенк Тур 2017 — 13. издание на велосипедската етапна трка БинкБенк Тур, која се одржала помеѓу 7 и 13 август како дваесет и деветти настан во сезоната на Светската турнеја. Трката е продолжување на Енеко Тур, која била преименувана по промената на спонзорот на трката.
Трката била освоена од Холанѓанецот Том Димулен.
Екипи
Бидејќи БинкБенк Тур е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 22 екипи.
Рута
Патеката за трката била објавена во мај 2017 година.
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал белата маичка.
Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал зелената маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.
Етапа Победник Генерален пласман Бодовен пласман Борбен пласман Екипен пласман 1 Петер Саган Петер Саган Петер Саган 2 Штефан Кинг Штефан Кинг Штефан Кинг 3 Петер Саган Петер Саган 4 Едвард Тенс 5 Ларс Бом Ларс Бом 6 Тим Веленс Том Димулен 7 Јаспер Стејвен На крај
Наводи
Надворешни врски
Категорија:БинкБенк Тур Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Белгија во 2017 година Категорија:Холандија во 2017 година