Вејд ван Никерк (роден на 15 јули 1992 г.) — јужноафрикански атлетичар кој се натпреварува во спринтерските дисциплини, и тоа на 200 метри и 400 метри. Тој е моментален светски рекордер, светски шампион и олимписки шампион на 400 метри, и исто така е сопственик на најбрзото светско време на 300 метри.
Ван Никерк го освоил сребрениот медал на трката на 400 метри на Игрите на Комонвлетот 2014 и освоил бронзен медал со јужноафриканскиот штафетен тим на 4×400 метри на Универзијадата во 2013 година. Тој исто така се натпреварувал за Јужна Африка на светските првенства во 2013 и 2015. На светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил златниот медал на 400 метри. Тој ја одбранил оваа титула две години подоцна, на Светското првенство 2017 во Лондон.
На трката на 400 метри на Летните олимписки игри 2016, тој победил поставувајќи нов светски рекорд од 43.03 секунди, соборувајќи го рекордот од 43.18 секунди поставен од Мајкл Џонсон на Светското првенство 1999 во Севиља.
Тој е единствениот спринтер во историјата кој истрчал 100 метри под 10 секунди, 200 метри под 20 секунди и 400 метри под 44 секунди.
Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум 100 метри 9.94 Велење, Словенија20 јуни 2017 200 метри 19.84 (ДР) Кингстон, Јамајка10 јуни 2017 300 метри 30.81 (СР) Острава, Чешка28 јуни 2017 400 метри 43.03 (СР) Рио де Жанеиро, Бразил14 август 2016
Наводи
Надворешни врски Профил на IAAF.org
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Јужноафрикански спринтери Категорија:Светски рекордери во атлетика Категорија:Златни олимписки медалисти за Јужна Африка