Хосе Маури (роден на во Реаличо, Аргентина) — аргентински професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција среден ред.

Клупска кариера Парма Маури својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на ФК Парма, за која екипа дебитирал на 3 декември 2013 година во четвртата рунда од Купот на Италија, кога влегол во игра против ФК Варесе и ги одиграл последните 27 минути на натпреварот.

Во април 2015 година го постигнал својот прв гол во Серија А против ФК Јувентус , нарекувајќи го овој ден како најсреќен во неговиот живот.

Милан

На почетокот на сезоната 2015-16, Маури се приклучил на ФК Милан, потпишувајќи четиригодишен договор преку слободен трансфер. Сепак, Милан платил 4 милиони евра од непознати причини A.C. Milan S.p.A. bilancio (financial report and accounts) on 31 December 2015 (in Italian), PDF purchased from Italian C.C.I.A.A.. Маури го направил своето прво деби на 1 декември, играјќи 99 минути на натпреварот против ФК Кротоне, кога Милан победил со 3-1 по дополнителноти време. Тој го направил своето деби за Серија А за Милан против Киево на 13 март 2016 година, играјќи ги последните пет минути од натпреварот кој завршил со резултат 0-0.

Емполи

На 30 август 2016 година, тој бил позајмен во ФК Емполи, играјќи една сезона за клубот, каде одиграл 14 натпревари.

Репрзентативна кариера

Бидејќи една од неговите баби била Италијанка, Маури ги исполнил условите за двојно државјанство. И покрај тоа што играл за италијанските младински интернационални екипи, Маури го одбил повикот за настап во италијанскиот тим до 20 години, објавувајќи ја својата желба да ја претставува единствено Аргентина.

Статистика

КлубСезонаЛигаКупЕвропаОстанатоВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиФК Парма2013–142110——312014-201533200——332Вкупно35310——363ФК Милан2015-20165050——1002017-2018100030—402018-2019500020—70Вкупно1105050—210ФК Емполи (позајмен)2016-201714010——150Вкупно5937050—713

Наводи

Надворешни врски Профил на Soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Италијански фудбалери