Филип Костиќ (роден на во ) — српски фудбалер, крило на ПСВ Ајндховен и на српската репрезентација.

Технички карактeристики Како левак, тој ја започнал својата кариера како лево крило, но потоа бил преместен во улога на играч кој ја покрива целата лева страна во тимот за време на неговиот престој во . Опремен со подвижност, бризна и физичка подготвеност, тој е играч кој подобро се снаоѓа во офанзивната отколку во дефанзивната фаза, каде е умешен пред се во давањето асистенции. Со преку 50 асистенции во Бундеслигата, тој еден од најдобрите 30 играчи во овој статистички показател во историјата на лигата.

Клупска кариера Почетоци Роден во Крагуевац, својте први фудбалски чекори ги направил на шестгодишна возраст во фудбалската школа "Фитнес", а потоа преминал во најстариот клуб во градот Шумадија 1903 каде што ги поминал следните 3-4 години. Кога имал петнаест години, дошол во Раднички Крагуевац, клуб за кој дебитирал за првиот тим на 2 мај 2009 година против Будуќност Ваљево во третата лига на Србија. Во трите сезони во кои настапувал за првиот тим на Раднички, тој играл во три различни лиги освојувајќи две промоции со клубот кој стигнал од третата лига до Суперлигата на Србија.

Своето деби во Суперлигата на Србија го направил на 13 август 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Војводина, а својот прв гол го постигнал четеринаесет дена подоцна во победата со 4-2 на гостувањето кај Јавор Ивањица. Во сезоната 2011-2012, Костиќ одиграл 27 натпревари во првенството и постигнал 3 гола.

Гронинген

Во летото 2012 година, Костиќ го напуштил Раднички Крагуевац после 64 настапи и 5 гола за клубот. Неговиот трансфер во холандскиот Гронинген бил пропратен со еден од најголемите скандали во српскиот фудбал: холандскиот клуб објавил дека трансферот изнесувал 1,25 милиони евра, практично демантирајќи ги челниците на Раднички, кои преку соопштение истакнале дека 19-годишниот фудбалер си заминал од клубот за сума од 700.000 евра,Гронинген демантује Раднички: Костић је плаћен 1,25 милиона па српската полиција потоа ги привела потпретседателот, генералниот секретар и агентот на играчот под сомнение дека го оштетиле клубот за половина милион евра.КРАГУЈЕВАЦ: Приведено пет особа, међу њима и двојица градских функционера Своето деби за Гронинген го направил на 21 октомври 2012, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Херенфен.B92 Sport (Serbian): Filip Kostić debitovao za Groningen 21 October 2012

Откако добил мала минутажа, Костиќ конечно почнал да покажува ветувачки потенцијал на почетокот на сезоната 2013-2014; тој го привлекол вниманието на медиумите откако одиграл брилијантен натпревар во кој имал една асистенција против НЕК, Sportske: Živković strelac, Kostić asistent – 4 August 2013 а потоа на 25 август тој ја зголемил својата репутација на одличен додавач со двете асистенции против Го Ахед Иглс. Sportske: Kostić asistirao, Groningen do boda – 25 August 2013 Конечно, на 20 октомври 2013 година, Костиќ го постигнал својот прв гол за Гронинген во победата со 1–0 против ПСВ Ајндховен. Sportske: Kostić srušio PSV! 20 October 2013 Вкупно за Гронинген, Костиќ одиграл 41 натпревари и постигнал 12 голови.

Штутгарт и Хамбургер thumb|left|200px|Костиќ со Штутгарт во 2015 година На 9 август 2014 година, Костиќ се преселил во Германија каде потпишал за екипата на Штутгарт. Сумата на трансферот изнесувала 6 милиони евра плус 1 милион бонуси, а Гронинген освен овие средства добил право на 15% од следната продажба на играчот. Дебитирал во Првата Бундеслига на 24 август, во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах, заменувајќи го Александру Максим во последните 10-тина минути од тој натпревар. Својот прв гол за швабите го постигнал на 13 декември 2014, во ремито 1-1 на гостувањето кај Мајнц 05. По испаѓањето на Штутгарт од Првата Бундеслига во сезоната 2015-2016, Костиќ го напуштил клубот после две сезони поминати во него во кои одиграл 63 натпревари и постигнал 8 голови.

Во летото 2016 година, Хамбургер го купил Костиќ за 14 милиони евра, со што тој станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.Busy summer fuels expectations for Hamburg. Deutsche Welle, 18 August 2016 Во својата прва сезона, србинот бил еден од клучните играчи на клубот. Тој постигнал 4 гола во текот на сезоната и му помогнал на клубот да стигне до четвртфиналето во Купот на Германија, каде што биле елиминирани од Борусија Менхенгладбах, додека во првенството каде Хамбургер грчевито се борел за опстанок, целта била постигната во последниот натпревар со победата со 2-1 на домашен терен против Волфсбург, во која Костиќ го постигнал израмнувачкиот гол за 1-1. Следната сезона, Костиќ продолжил да игра добро и повторно бил еден од најдобрите играчи на Хамбургер, но овој пат клубот испаднал од Првата Бундеслига.

Ајнтрахт Франкфурт Откако изразил желба да го напушти Хамбургер бидејќи не сакал да се натпреварува во Втората Бундеслига, на 20 август 2018 година, Костиќ се преселил на двегодишна позајмица во . По добрата сезона со клубот (кому му помогнал да стигне до полуфиналето на Лига Европа со 4 гола), тој бил откупен на 17 мај 2019 година за 6 милиони евра.

Во сезоната 2020-2021, Костиќ бил втор најдобар асистент во Бундеслигата со 14 асистенции, 4 помалку од Томас Милер од .

На 14 април 2022 година, Костиќ постигнал два гола во победата на Ајнтрахт над Барселона со 3–2 на Камп Ноу, со што им помогнал на германците со вкупни 4–3 да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа. На 18 мај истата година, тој го започнал финалето на Лига Европа против Ренџерс кое завршило нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата, по што се стигнало до изведување пенали, каде Костиќ бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. Последователно, како резултат на неговите одлични игри тој бил прогласен за играч на сезоната во Лига Европа.Filip Kostić igrač sezone!

Јувентус и Фенербахче На 12 август 2022 година, Костиќ потпишал четиригодишен договор со .

На 9 септември 2024 година, Костиќ му се приклучи на турскиот клуб Фенербахче на заем до крајот на сезоната.

ПСВ Ајндховен На 6 август 2026 година, како слободен играч, Костиќ потпишал двегодишен договор со холандскиот клуб од Ередивиси, ПСВ Ајндховен.

Репрезентативна кариера

Костиќ играл за Србија во селекциите под 19 години и под 21 година.Filip Kostić at Srbijafudbal Во баражот од квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2015, тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение против Шпанија со кој ја одвел својата земја на првенството кое се одиграло во Чешка. Сепак, тој не настапил на тоа првенство, бидејќи добил повик во сениорската репрезентација.

На 7 јуни 2015 година, Костиќ го направил своето деби за сениорска репрезентација на Србија против Азербејџан во пријателски натпревар во Санкт Пелтен, Австрија, во кој орлите победиле со 4–1. Тој го одигра својот прв натпреварувачки натпревар за Србија на 13 јуни 2015, против Данска во квалификациите за Европското првенството 2016. На 5 септември 2016 година, го постигнал својот прв гол за својата земја во ремито 2–2 против .

Во јуни 2018 година, тој бил избран во составот на српската репрезентација за Светското првенство 2018, каде ги одиграл сите три натпревари од групната фаза по која неговата репрезентација била елиминирана.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 11 август 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 Раднички Крагуевац СЛЗ 5 0 КС ? ? - - - - - - 5 0 2010-2011 ПЛ 30 2 КС 0 0 - - - - - - 30 2 2011-2012 СЛ 27 3 КС 2 0 - - - - - - 29 3Вкупно Раднички Крагуевац 62 5 2 0 - - - - 64 5 2012-2013 Гронинген ЕД 5+2Во плејофот. 0 КХ 0 0 - - - - - - 7 0 2013-2014 ЕД 34+4 9+2 КХ 3 1 - - - - - - 41 12 јул.-авг. 2014 ЕД 0 0 CO 0 0 ЛЕ 2 0 - - - 2 0Вкупно Гронинген 39+6 9+2 3 1 2 0 - - 50 12 2014-2015 1Б 29 3 КГ 1 0 - - - - - - 30 3 2015-2016 1Б 30 5 КГ 3 0 - - - - - - 33 5Вкупно Штутгарт 59 8 4 0 - - - - 63 8 2016-2017 1Б 31 4 КГ 4 0 - - - - - - 35 4 2017-2018 1Б 30 5 КГ 0 0 - - - - - - 30 5Вкупно Хамбургер 61 9 4 0 - - - - 65 9 2018-2019 1Б 34 6 КГ 0 0 ЛЕ 12 4 - - - 46 10 2019-2020 1Б 33 4 КГ 3 3 ЛЕ 155 настапи во квалификациските кола 53 гола во квалификациските кола - - - 51 12 2020-2021 1Б 30 4 КГ 0 0 - - - - - - 30 4 2021-2022 1Б 31 4 КГ 0 0 ЛЕ 12 3 - - - 43 7 јул.-авг. 2022 1Б 1 0 КГ 1 0 ЛШ - - СУ - - 2 0Вкупно Ајнтрахт Франкфурт 129 18 4 3 39 12 - - 172 33 авг. 2022-2023 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - - -Вкупно во кариерата 351 51 17 4 41 12 - - 409 67

Титули Клупски Ајнтрахт Франкфурт Лига Европа : 1 2021-2022

Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024

Поединечни Играч на сезоната во УЕФА Лига Европа : 2021-2022

Наводи

Надворешни врски

Филип Костиќ на soccerway Филип Костиќ на transfermarkt Филип Костиќ на espn Филип Костиќ на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на ФК Ајнтрахт Франкфурт Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен