мини|Поглаварот на индијанското племе Кри Питикваханапивијин со суканици (1885) Суканица — јажевиден кичер коса направен со плетење на косатаРечник Меријам-Вебстер 1: a narrow ropelike strand of hair formed by matting or braiding; 2 dreadlocks plural : a hairstyle consisting of dreadlocks. Суканици може да се образуваат и со техниката позната како „усукај и подели“ ()Како слободно да се формираат суканици. Некогаш под суканици се подразбирале само кичерите коса кои се образуваат спонтано кога косата расте природно во подолг временски период без употреба на четка, чешел, ножици или брич. Суканиците денес се фризура за чие создавање и обликување е потребно многу време и трпение.

Настанок Некои од најраните цртежи на суканици датираат од пред 3600 години, од Минојската цивилизација, една од најстарите европски цивилизации која се наоѓала на Крит (денес дел од Грција) . На островот Тера (денес Санторини, Грција) пронајдени се фрески на кои се лица со усукани коси стилизирани во долги суканици . Исто така на археолошките наоѓалишта пронајдени се староегипетски мумии перики.Egyptian Museum -"Return of the Mummy. Toronto Life - 2002.

Историја мини|upright|десно|Млади боксери со долги суканици нацртани на фреска во Акротири (денес Санторини, Грција) 1600-1500 п.н.е.

Суканиците биле дел од историјата на многу духовни системи. Од христијанството до хиндуизмот, сплетената коса била симбол на многу духовно лице кое се обидува да се приближи до Бога, односно боговите.

Без обѕир на потеклото, сите култури носеле суканици во некој период од нивното постоење. Римски извори кажуваат дека Келтите ја носеле својата коса „како змии“. Германските племиња и Викинзите исто така ја носеле својата коса сплетена во кики кои денес се препознаваат како суканици. Суканици носеле и монасите на Етиопската православна тевахедо црква, светите луѓе на хиндуизмот, дервиши на исламот и други.

Постоеле верувања дека суканиците им даваат особена снага на оние кои ги носат. Според одредени верувања енергијата, пред сè животната енергија, излегувала од телото низ врвот на главата, а замрсената коса истото го успорува или спречува тоа и со тоа лицето го прави посилно и поблиско до боговите. Според библиската приказна натчовечката снага на Самсон доаѓала од неговите прамни коса.

Суканици кај растафаријанците

Растафаријанството е монотеистичко религиозно движење настанато во 1930-тите години на Јамајка. Неговите припадници веруваат дека Хајле Селасие бил божјо отелотворение и познати се како растафаријанци или расти.

Суканиците на главите на растафаријанците ги претставуваат нивните корени, поврзаноста со земјата, предците и природата. Исто така ја претставуваат гривата на лав, симболот на Африка. Истовременот се и еден вид побуна против белците, како контраст на нивната руса коса и култура. На почетокот ги носеле само оние кои полагале заклетва, за подоцна да ги прифатат повеќето растафаријанци. Должината на суканиците за нив претставувал мерка на мудроста, зрелоста и знаењето, како и тоа колку одредено лице е следбеник на движењето.

Наводи

Надворешни врски

Dreadlocks Story – Documentary by Linda Aïnouche Guardian article Community for the discussion of the lifestyle and hairstyle of dreadlocks DreadlockTruth – database of information and online community

Категорија:Фризури Категорија:Јамајска култура Категорија:Растафаријанство Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ