Оваа статија е за штимерски клуч. За други значења видете клуч.

мини|десно|Штимерите на електрична гитара Squier Stratocaster.

Штимер, или штимерски клуч, е дел од гитарата или сличен инструмент, направа за затегнување и оттаму за штимање на жици, вообичаено сместен на главата. Една глава има повеќе штимери, по еден за секоја жица.

Варијанти Нормално, штимерите овозможуваат пренос од 14:1, иако постојат верзии со однос 18:1. Тие овозможуваат поголема прецизност во штимањето, но се нешто поспори при почетното затегнување на жиците.

мини|лево|Штимерите на класична гитара. Забележете ги изложените запченици и декорациите.

Постојат неколку типови на механизми на штимери: На класичните гитари (со најлонски жици), запчениците претежно се откриени; жиците се навртени на делови во длабнатини на главата; На гитарите со челични жици, вклучувајќи ги и „фолк“ акустичните гитариs и електричните гитари, запчениците вообичаено се сместени во поединечни затворени кутии со трајно подмачкување, иако поевтините подели може да имаат откриени запченици фиксирани на плочки на кои е сместен ред на запченици; неколку местоположби на штимерите се возможни, во зависност од формата на главата: коцкеста глава, 2 реда од 3 штимери (или 6 штимери за 12-жичени гитари): се наоѓаат на повеќето „фолк“ гитари и на Gibson Les Paul моделот; единствен дијагонален ред од 6 штимери: се наоѓа на Fender Telecaster и Stratocaster модели; еден дијагонален ред од четрии штимери и еден дијагонален ред од два штимера: се наоѓаат на Music Man модели; На бас гитарите, затегнатоста на жиците е екстремно голема и се користат особено тешки и големи штимери; рачките за штимање се исто така многу поголеми отколку оние на гитарите; исто така се користи преност од 20:1. Откриените запченици се почести кај најдобрите бас гитари отколку кај шест-жичените не-басови инструменти. мини|десно|Спротивното на штимерите на акустична „фолк“ гитара со челични жици. Забележете ги прикриените запченици.

Исто така, гитарите и басовите 'без глава', особено оние дизајнирани од Steinberger и нивните лиценцирани копии, како Hohner Jack Bass и нелиценцираните копии како Washburn Bantam, имаат штимери на крајот на телото. Гитарите и басовите од линијата на Steinberger и Hohner имаат посебни жици со топчиња на двата краја, додека басот Washburn Bantam може да се свири и со обични жици.

Забележителни дизајни Неколку производители основале добро познати дизајни на јазли и цели штимери. Овие дизајни се подложни на авторски права: мини|лево|250px|Martin EB18 глава која ги покажува штимерите Martin од отворен тип

Rodgers Grover-стил Schaller-стил Kluson-стил Wilkinson-стил Fender-стил Gibson-стил Speedwinder

Категорија:Гитарски делови и додатоци