Whose Line Is It Anyway? (познатo и како: Whose Line?; во слободен превод: Кој и да беше на ред?) е американско импровизациско скеч шоу, оригинално водено од Дру Кери кое е прикажувано на ABC и ABC Family, од 5 август 1998 до 15 декември 2007. Продолжение на шоуто, водено од Аиша Тајлер, се прикажува на The CW од 16 јули 2013.

Шоуто е преработка на истоименото британско шоу, каде 4 глумци на сцената импровизираат скечови во одреден формат, кои водителот Дру Кери ги наведува и понекогаш учествува во нивното изведување. Рајан Стилс, Колин Мокери и Вејн Бреди се постојани изведувачи, додека едно место е резервирано за гостин, кој е различен од епизода до епизода, иако одреден број на гости се имаат појавено во десетици епизоди за времетраење на шоуто.

Скечовите имаат свој формат, како на пример „Сцени од шапка“, каде глумците изведуваат случајни сцени извлечени од водителот или „Најголеми хитови“ каде Рајан и Колин водат радио шоу додека другите двајца глумци изведуваат песна. Исто така, во одредени скечови како гости се јавуваат познати личности или гости од публиката.

Наводи

Надворешни врски

Whose Line Is It Anyway?, The CW website, includes all past U.S. episodes Whose Line Is It Anyway? , Hat Trick Productions website Whose Line Is It Anyway? U.S. and U.K. episodes Форум дискусија за шоуто

Категорија:Американски телевизиски серии