Мангарева (мангаревански: Mangareva) — остров во Тихиот Океан. Мангарева е централен и најголем остров во островската група Гамбје во Француска Полинезија. Мангарева е опколен од помали острови, односно: Тараваи на југозапад, Аукена и Акамару на југоисток и помали островчиња на север. На Мангарева има постојано население од 1239 жители според податоците од 2012 и најголемо населено место на островот е Рикитеа, кој служи како администартивен центар на Гамбје.
Должината на островот е околу 8 км и има вкуона површина од 15.4 км2. Мангарева зазема 56% од вкупната копнена територија на Гамбје. По средината на островот има планински рид со највисока точка од 441 метри, планината Даф. Островот исто така има лагуна со вкупна површина од 24 км во пречник.
Историја Мангарева некогаш бил прекриен со густа шума и имал големо население. Сепак, поради големата експлоатација на дрво во периодот од 10 до 15 век, островот претрпел опустошување, однoсно губење на шумата. Ова имало силно влијание врз животната средина и економијата на островите.
Првите Европејци кои пристигнале на Мангарева биле Британците, односно капетанот Џејмс Вилсон во 1797 година со бродот Даф. Капетанот ги именувал островите во чест на Адмиралот Џејмс Гамбиер. Во меѓувреме островите биле управувани од локални мангаревански кралеви, за да на крај станал француски протекторат.
Сообраќај
На Мангарева може да се пристигне со брод од аеродромот кој е во близина, поточно преку лагуната. Мангарева е важна точка при патувањето кон Питкерн. Поточно, единствениот начин преку кој некој може да стигне до Питкерн е преку лет од Тахити, потоа со брод од Мангарева до Питкерн. Патувањето до Питкерн е 32 часа.
Галерија
Поврзано Гамбје Француска Полинезија Рикитеа
Наводи
British Navigators, 1780 to 1800 Intrepid Polynesian Voyagers
Надворешни врски
Мангарева, Тахити - Смртта на луѓето Мангарева, видео запис
Категорија:Мангарева