Национален парк Сутјеска — најстар национален парк во Босна и Херцеговина, во ентитетот Република Српска. Сутјеска била назначена како национален парк во 1965 и се протега на површина од 17.250 -{ха}-. Најблизок град е Фоча. Паркот се наоѓа на магистралниот пат Белград–Вишеград–Фоча–Тентиште–Билеќа–Дубровник.
Општо Во паркот се наоѓаат едни од четирите остатоци од прашуми во Европа, Перуќица. Во Сутјеска се наоѓа и највисокиот врв во Република Српска, Маглиќ во висина од 2386 метри.
Маглиќ се наоѓа на самата граница со Црна Гора и кон неа може да се пристигне преку националниот парк, што е голем предизвик за планинарите. Реката Сутјеска долго време го пресекувала овој пат со кањон и тече низ самата средишнина на паркот.
Паркот исто така има големо богатство од растителниот и животиснки свет. Поради тоа, овој предел сè уште е привлечен за голем број научници и истражувачи.
Галерија
Поврзано Република Српска Босна и Херцеговина
Наводи
Надворешни врски
Национален парк Сутјеска Национален парк Сутјеска
Категорија:Национални паркови во Босна и Хеецеговина