Референдум за независност на Каталонија од 2017 година — референдум за независност одржан на 1 октомври 2017 година во шпанската автономна заедница Каталонија, усвоен од Парламентот на Каталонија како Закон за референдумот за самоопределување на Каталонија и свикан од Генералитатот на Каталонија.

Референдумот бил прогласен за неуставен на 7 септември 2017 година и бил суспендиран од Уставниот суд на Шпанија по барање на шпанската влада, која посочила дека го крши шпанскиот устав. На почетокот на септември, Врховниот суд на правдата на Каталонија ѝ наредил на полицијата да се обиде да го спречи референдумот, вклучувајќи притворање на одговорните за неговата подготовка. Поради наводни нерегуларности при процесот на гласање, како и употребата на сила од страна на Националниот полициски корпус и Граѓанската гарда, меѓународните набљудувачи поканети од Генералитатот изјавиле дека референдумот не ги исполнува минималните меѓународни стандарди за избори.

Референдумското прашање, на кое гласачите можеле да одговорат „да“ или „не“, гласело: „Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на република?“. За опцијата „да“ гласале 2.044.034 (92,01%), а за опцијата „не“ гласале 177.547 (7,99%), со излезност од 43,03%.

Наводи

Категорија:Шпанија во 2017 година Категорија:Референдуми за независност Категорија:Движење за независност на Каталонија