СПАЛ 2013 ( – Сочиета Полиспортива Арс ет Лабор) или подобро познат само како СПАЛ е италијански фудбалски клуб од Ферара, Емилија-Ромања. Клубот се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбал.
СПАЛ е основан во 1907 година. Моментално ја игра својата 22-ра сезона во најсилната лига на Италија, а најдобриот пласман им е 5-тото место во сезоната 1959-1960. Во сезоната 2016-2017 клубот го освоил првото место во Серија Б, со што избориле директна промоција во Серија А за првпат од сезоната 1967-1968.
Својте домашни натпревари СПАЛ ги игра на Стадионот Паоло Маца кој има капацитет од 13,020 седечки места, а името го добил по некогашниот претседател на клубот Паоло Маца (во периодот 1946-1977).
Играчи Моментален состав .
Титули Куп на Италија Вицешампион (1): 1961–1962
Серија Б Победник (2): 1950–1951, 2016–2017 Промоција (1): 1964–1965
Серија Ц Победник (3): 1937–1938, 1972–1973, 1977–1978 Вицешампион (4): 1941–1942, 1942–1943 , 1969–1970 , 1970–1971
Серија Ц1 Победник (1): 1991–1992
Лега Про Победник (1): 2015–2016
Серија Ц2 Победник (1): 1997–1998 Промоција (1): 1990–1991
20px Куп на Италија Лега Про Победник (1): 1998–1999 Вицешампион (1): 1988–1989
Суперкуп на Италија Лега Про Победник (1): 2016
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
СПАЛ