Господинот Шмит (англиски: About Schmidt) – американски филм од 2002 година, во режија на Александар Пејн, а според сценариото на Александар Пејн и Џим Тејлор, засновано на романот на Луис Бегли. Главните улоги ги толкуваат: Џек Николсон, Кети Бејтс, Хоуп Дејвис, Дермот Малрони и Џун Сквиб. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категориите за најдобар глумец и најдобра споредна глумица. Исто така, бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во пет категории, од кои победил во две - за најдобар глумец и за најдобро сценарио.IMDb, About Schmidt (2002) (пристапено на 29.9.2017)

Содржина Ворен Шмит (го игра Николсон) е успешен човек кој работи во осигурително друштво, но на возраст од 66 години мора да оди во пензија. Тогаш, неговиот живот се менува од корен и времето го поминува само со сопругата Хелен, која набргу умира. Дури тогаш, тој сфаќа дека е осамен, па почнува да го финансира образованието на едно дете од Танзанија. Потоа, тој ги открива љубовните писма на жена му и неговиот најдобар пријател. Затоа, со својата камп-куќичка заминува на патување по местата што ги посетил во минатото, по што ја посетува ќерката. Таа ја подготвува свадбата, но Ворен воопшто не го одобрува нејзиниот брак...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Александар Пејн Категорија:Филмови од 2002 година Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови со Џек Николсон Категорија:Филмови со Кети Бејтс