Бангкок () — главен и најголем град на Тајланд. Позициран е при вливањето на реката Чао Праја кај Тајландскиот Залив. Според населението Бангкок е дваесет и втор по ред најголем град во светот.
Бангкок е еден од најекономско динамичните градови во југоисточна Азија. Туризмот е главен фактор во економијата на Бангкок и се смета дека Бангкок дури ќе ги надмине центрите на Сингапур и Хонгконг, но градот страда од тешки инфраструктурни и социални проблеми како резултат на неговиот брз раст. Светската метеоролошка организација објавила дека Бангкок е најжешкиот град во светот.
Знаменитости Храмови Ват Арун Ват Пра Кео
Категорија:Градови во Тајланд Бангкок Категорија:Покраини во Тајланд Категорија:Тајландски Залив Категорија:Населени места основани во 18 век