Лузија () – име на скелет на палеоиндијанска жена од доцниот палеолит кој бил пронајден во пештера во Бразил. Некои археолози сметаат дека младата жена можеби е дел од првиот бран имигранти во Јужна Америка. 11.500-годишниот скелет со кодно име Лузија (во чест на познатиот африкански фосил „Луси“, стар околу 3,2 милиони години) бил пронајден во Лапа Вермела (Lapa Vermelha), Бразил, во 1975 година од страна на археологот Анет Ламбер-Емперар.
Откривање Лузија била откриена во 1975 година од заедничка француско-бразилска експедиција, во пештера недалеку од Бело Хоризонте, Бразил. Остатоците не беа артикулирани. Черепот, кој бил одделен од остатокот од скелетот, но бил во изненадувачки добра состојба, бил пронајден под повеќе од 12 метри на минерални наслаги и остатоци. На местото не постоеле други човечки остатоци. Новите датирања на коските објавени во 2013 година потврдиле дека нивната старост е 10.030 ± 60 14C години п.с.. Лузија е еден од најстарите американски човечки скелети кои некогаш биле откриени . Форензичарите утврдиле дека Лузија умрела во своите рани дваесетти години. Иако во околината се најдени камени алатки, нејзиниот е единствен човечки остаток во пештерата Вермела.
Фенотипска анализа мини|Одливка од черепот на Лузија во Националниот музеј на историјата на природата Одлики на нејзиното лицето се: тесен, овален череп, испакнато лице и изразена брада, неверојатно различен од повеќето Индијанци и нивните домородни сибирски предци. Антрополозите различно ги опишале одликите на Лузија како личност на негроиди, домородни Австралијци, Меланезијци и негрито од Југоисточна Азија. Валтер Невес, антрополог од Универзитетот во Саун Пауло, сугерира дека одликите на Лузија најмногу личат на оние на австралиските абориџински народи. Ричард Нејв од Универзитетот во Манчестер, кој презел форензичка реконструкција на лицето на Лузија, го опишал како негроиден.
Невес и други бразилски антрополози теоретизирале дека палеоиндијанските претходници на Лузија живееле во Југоисточна Азија десетици илјади години, откако се преселиле од Африка и почнале да пристигнуваат во Новиот Свет уште пред 15.000 години. Најстариот потврден датум nа археозит во Америка е 18.500 и 14.500 години п.с. за локацијата Монте Верде во јужниот дел на Чиле . Некои антрополози претпоставувале дека населението од крајбрежна Источна Азија мигрирало со чамци долж веригата на Курилските Острови, Беринговиот Брег, и по западниот брег на Америка, за време на падот на последниот леднички максимум.
Заклучоците на Невес биле оспорени од истражувањата направени од антрополозите Роландо Гонсалес-Хосе, Френк Вилијамс и Вилијам Армелагос, кои во своите студии покажале дека кранио-лицевата промена може да се должи само на генетско поместување и други фактори кои влијаат на кранијалната пластичност на лицето кај домородните Американци .
Споредба направена во 2005 година на примероците од Лагоа Санта, Минас Гераис со модерниот аиморски народ од истиот регион, исто така, покажала силни сродности, што го довела Невес да ги класифицира Ботокудосите како Палеоиндијанци .
Антропометрија Лузија била висока малку под 1,5 метри, обновена е околу една третина од нејзиниот скелет. Нејзините остатоци изгледа дека укажуваат на тоа дека таа загинала или во несреќа или како резултат на напад на животни. Таа била членка на група ловци-собирачи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Антропологија Категорија:Археологија во Бразил Категорија:Палеоиндијански период Категорија:Домородни народи во Амазонија Категорија:Археолошки откритија