Света Недела — христијански храм во струшкото село Јабланица.

Црквата се наоѓа високо над селото по патот што води кон манастирската црква „Св. Илија“. Изградена е во 1997 година. Храмовата слава е на 20 јули, празникот посветен на светицата Света Недела, а се посетува и на третиот ден на Духовден. Недалеку од црквичката помеѓу столетните дабови стебла се наоѓа извор со света вода.

Поврзано Ложанска парохија Јабланица Црква „Св. Богородица Пречиста“- манастирска црква од 1976 година; Црква „Св. Пророк Илија“ - соборната селска црква; Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ - црква од 1975 година во Дејкоска маала; Црква „Св. Илија“- манастирска црква, изградена во 1954 година; Црква „Свето Преполовение“- црква изградена во 2003 година; Црква „Св. Петка“- црква изградена во 2002 година;, Црква „Св. Никола“- црква, изградена во 1996 година; Црква „Св. Петка Римска“ - црква, изградена во 1994 година;

Наводи

Категорија:Јабланица (село) Јабланица