ФК Бајер Леверкузен, исто така познат како Баjер 04 Леверкузен, Баjер Леверкузен, Леверкузен или едноставно Бајер, е фудбалски клуб од Германија со седиште во Леверкузен, Северна Рајна-Вестфалија. Клубот настапува во германската Бундеслига, највисоката лига на германскиот фудбалски систем.

Клубот е основан во 1904 година од страна на вработените во германското фармацевтско претпријатие Бајер, чие седиште е во Леверкузен и од каде што клубот го добил името. Тоа било порано најпознат оддел на "ТСВ Бајер 04 Леверкузен", спортски клуб, чии членови исто така учествуваат во атлетика, гимнастика, кошарка и други спортови, вклучувајќи ги и клубовите за (веслање, тенис и хокеј). Во 1999 година фудбалскиот оддел бил одвоен од спортскиот клуб и сега е посебен ентитет кој официјално се нарекува "Бајер 04 Леверкузен ГмбХ".

Меѓу позначајните успеси на клубот се вбројуваат освојувањето на Купот на Германија и Купот на УЕФА, како и финалето во УЕФА Лига на шампионите во сезоната 2001-2002 во кое загубиле од Реал Мадрид со 2-1.

Домашните натпревари клубот ги игра на стадионот БајАрена, кој има капацитет од преку 30.000 места. Нивните локални соперници се Келн, Борусија Менхенгладбах и Фортуна Диселдорф.

Историја

Играчи Моментален состав

Наводи

Категорија:Фудбалски клубови од Германија Категорија:Бундеслига