мини|десно|250п|Поглед на амфитеатарот мини|десно|300п|Внатрешност на амфитеатарот Елџемски амфитеатар — римски амфитеатар во градот ел-Џем, Тунис и светско наследство на УНЕСКО во 1979 г.
Историја Амфитеатарот е изграден во 238 г. во Тисдaр во римската провинција Африка, денес населба на ел-Џем. Се вбројува меѓу најдобро зачуваните римски рушевини во светот и е единствена од овој вид во денешна Африка. Сместувал 35.000 гледачи и има димензии од 148 на 122 м, што го прави еден од нејголемите во светот. Изграден е од камени блокови кои денес се исклучително добро запазени. Елџемскиот амфитеатар е третиот по ред амфитеатар на истото место. Се смета дека е изграден од проконзулот Гордијан, подоцна цар Гордијан III. Во средниот век служел како тврдина и збег, каде населението се засолнувало од нападите на Вандалите во 430 г. и Арапите во 647 г. Во 1695 г. во текот на револуциите во Тунис, Мухамед-бег ел-Муради направил отвор во амфитеатарот за да го скрши отпорот на следбениците на неговиот брат, Али-бег ел-Муради, кои се утврдитле во него. Се смета дека од крајот на XVIII и во XIX век во амфитеатарот се изработувала шалитра. Околу 1850 г. бегот Ахмед I го проширил отворот на 30 м. Во втората половина на XIX век, во градбата имало дуќани, живеалишта и склад за житарки.
Во популарната култура Во амфитеатарот се снимани сцени во филмовите Житието на Брајан според Монти Пајтон (1979) и Гладијатор (2000).
Наводи
Категорија:Знаменитости во Тунис Категорија:Римски амфитеатри Категорија:Светско наследство во Тунис Категорија:Махдија (вилает) Категорија:238