Бостаништа — археолошко наоѓалиште во прилепското село Алинци. Претставува некропола од римско време.
Местоположба
Се наоѓа на 500 метри југоисточно од патот Прилеп-Битола, мерено од полициската станица.
Опис
На наоѓалиштето биле откриени 14 гроба со остатоци од кремирани покојници. Во гробовите имало прилози од стаклени и керамички садови и накит од бронза (фибули, токи и друго). Исто така се најдени и монети.
Поврзано Црквиште — осамени наоди од римско време; Бобарски Гробишта — некропола од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Куќиште — населба од доцноантичко време; Алинци; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Алинци (Прилепско)