Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во битолското село Доленци.

Местоположба

Црквата е сместена од десната страна на патот кон селото Гопеш.

Историја

Црквата постоела во месноста Старо Село, каде некогаш се наоѓало селото Доленци. Ова село пропаднало и црквата во 1957 година, како што забележал Јован Трифуноски била во рушевини. Црквата била долга 8, а широка 5 метри. Била изградена од камен лепен со кал. Само јужниот ѕид останал во височина од 3 метри, каде бил зачуван и прозорец. Според други извори, црквата е од век и била обновена најпрвин во 1926 година и потоа реновирана во 1960-тите години.

Црквата била обновена во 1996 година.

Галерија

Поврзано Доленци Преспанско-пелагониска епархија Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Доленци (Битолско) Доленци