мини|десно|300px|исправено|Езра Паунд во 1963 година Езра Вестон Лумис Паунд ( - ) бил американски поет и критичар и исто така бил голема фигура во раниот модернистички период. Неговиот придонес започнал со тоа што го развил имажинизмот. Негови попознати дела се „Рипостес“ (1912), „Хју Селвин Мауберли“ (1920) и неговата недовршена епика „The Cantos“ (1917-1969).

Паунд работел во Лондон на почетокот на дваесеттиот век како странски уредник на повеќе американски литературни списанија. Гневен на колежот предизвикан од Првата светска војна, тој изгубил верба во Англија и го обвинувал капитализмот.The Pisan Cantos (80.665–67), Sieburth (2003), xiii

Животопис Езра Паунд се родил во Хејли како единствено дете во семејството на Изабел и Хомер Паунд. Во 1887 година, мајка му, која не била среќна во Хејли, се преселила во Њујорк и го повела Езра со себе, кој тогаш имал година и пол.Cockram (2005), 238 Хомер ги следел, и во 1893 сите заедно се преселиле во Винкот.Moody (2007), xiii–13

Учел во неколку училишта, од кои некои биле раководени од квекери.Moody (2007), xiii На 7 ноември 1896 година, кога имал 11 години, за првпат му била објавена хумористична поезија, напишана за Вилијам Џенингс Брајан, кој тогаш изгубил на претседателските избори во САД: „Има еден млад човек од запад, / Направи што можеше за она што мислеше дека е најдобро; / Но на изборите кои се случија, / Се најде себеси удавен, / а документите ќе ви го раскажат останатото.“Rachewiltz, Moody and Moody (2011), x

Од 1897 до 1900 година паунд учел во воено училиште, каде го изучил латинскиот јазик. Учениците носеле униформи во стилот на униформите од Американската граѓанска војна. Првото патување на Паунд преку океанот било во средина на 1898 година, на свои тринаесет години, кога со мајка му и тетка му бил на тримесечно патување низ Европа.Moody (2007), 8–9 По основното училиште, учел една година во средното училиште „Челтенхам Тауншип“, а потоа во 1901 година, бил примен на колеџот за либерални уметности при универзитетот во Пенсилванија.Moody (2007), 14; for Cheltenham Township High School, see McDonald (2005), 91, and Stock (1970), 11

Паунд ја сретнал Хилда Дулитл (позната под поетскиот псевдоним Х.Д.) во Пенсилванија, во 1901 година, и таа била неговата прва љубов.Nadel (2004), 18; Barnstone (1998), 202 Во 1911 година, таа заминала со Езра Паунд во Лондон, и се вклучила во движењето имажизам. Меѓу 1905 и 1907 Езра Паунд напишал многу поеми за неа, од кои 25 ги објавил како книга со наслов Книгата за Хилда.Doolittle (1979), 67–68; Hilda's Book is in the Houghton Library at Harvard; see "Poems and Translations", Library of America. Во 1908 година Паунд ја побарал раката на Хилда од нејзиниот татко, но тој не ја дал ќерката.Nadel (2004), 31

Езра Паунд го завршил факултетот во 1905 година, а подоцна магистрирал. За време на докторските студии, Паунд заминал во Европа со парите за школарина,Moody (2007), 19, 27–28 и времето го минувал во различни библиотеки во Мадрид. Го напуштил учењето без да докторира.Moody (2007), 29–31

Во 1907 година Паунд предавал романски јазици на колеџот „Вабаш“ во Крофордсвил, конзервативен град во Индијана што тој го нарекувал „шестиот круг на пеколот“. И колеџот бил конзервативен, а Езра Паунд правел сè што ги лутело неговите претпоставени. Во 1908 година го избркале од работа, па Паунд заминал за Европа.Moody (2007), 60–62; Wilhelm (1985), 177; Carpenter (1988), 80; Nadel (2004), 30

Кариера Езра Паунд пристигнал на Гибралтар на 23 март 1908 година, каде неколку недели работел како туристички водич за Американци. Кон крајот на април, се преселил во Венеција.Moody (2007), 62, 63; for the bakery, Tytell (1987), 35 Во јули 1908 година самиот ја издал својата прва книга поезија, A Lume Spento. Критиката за оваа поетска книга која била објавена во Лондон ивнинг стандард книгата ја нарекла „дива, апсолутно поетска, оригинална, имагинативна, страсна и духовна“.Eliot (1917), 5 Насловот бил земен од Чистилиште на Данте Алигиери, каде се алудира на смртта на Манфред, кралот на Сицилија, а книгата била посветена на неговиот пријател, уметникот од Филаделфија, Вилијам Брук Смит, кој во тоа време починал од туберкулоза.Zinnes (1980), xi; for information about Brooke Smith, see Carpenter (1988), 91, 95

thumb|alt=photograph|upright|Куќата на Лангам стрит 48, Лондон, каде живеел Езра Паунд Во август 1908 година, Паунд се преселил во Лондон со само три фунти во џеб, каде живеел во наредните 12 години, на улицата „Лангам стрит“, блиску до Британскиот музеј.Stock (1970), 53–54 Во Лондон, Паунд ја дал на продажва својата книга поезија, и до октомври 1908 година бил познат во литературниот круг. Во декември ја издал својата втора зборка, A Quinzaine for This Yule, и скоро потоа се вработил како предавач во вечерните часови на Вестминстерскиот универзитет во текот на два месеца, во јануари и февруари 1909 година.Wilhelm (2008), 5–11 Деновите ги минувал во Британскиот музеј, а потоа ручал во „Виена кафе“ на Окфорд стрит.Wilhelm (2008), 7

Во јануари 1909 година, Паунд се запознал со Оливија Шекспир во литературен салон, и со нејзината ќерка Дороти, која му станала сопруга во 1914 година. Преку Оливија се запознал со Вилијам Батлер Јејтс, кого го сметал за најголемиот жив поет, и со кого станале пријатели, иако Јејтс бил постар 20 години.Tytell (1987), 46

thumb|left|alt=photograph|upright|Дороти Шекспир, фотографија од 1909 година Езра Паунд се запознал со многу уметници кои живееле во Лондон, меѓу кои и поетот Томас Ернест Хјум. Американската наследничка Маргарет Кравенс (1881–1912) му станала добротворка, и по познанството од кратко време му дала голема сума на пари со цел тој да се насочи на творењето.Moody (2007), 124–125

Во јуни 1909 година неговата збирка Personae станала првиот комерцијален успех на Паунд. Сепак, поетот Руперт Брук не бил импресиониран од стихозбирката, и велел дека Паунд паднал под влијание на Волт Витман.Moody (2007), 93 Во септември таа година, објавил 27 поеми,Wilson, Peter. "Exultations", The Literary Encyclopedia, 20 April 2004. а во јуни 1910 година ја објавил првата книга со книжевни критики.Stock (1970), 70, 81–89 Во август 1911 година, почнал да пишува неделни колумни во весникот Њу ејџ.Elek, Jon. "Canzoni", The Literary Encyclopedia, 8 March 2005. Orage was referred to in The Cantos refers to T. S. Eliot): "But the lot of 'em, / Yeats, Possum and Wyndham / had no ground beneath 'em. / Orage had." See Wilhelm (2008), 83, citing Canto 98/685.

Имажинизам Во текот на 1912 и 1913 година Паунд често седел во просторот за печатење на Британскиот музеј каде ги проучувал јапонските слики укијо-е, некои со запишани вака стихови, поетски жанр чии строги правила придонеле кон техниката на имажинистите.Arrowsmith (2011), 103–164; also see Arrowsmith (2011), 27–42, 118, and Dennis (2000), 101Arrowsmith, Rupert Richard (March 2012). "Cosmopolitanism and Modernism" Во тој период работел на поеми во кои сакал да избега од дотогашната употребена техника, а исто така работел заедно со поетот Ричaрд Алдингтон и Хилда Дулитл на идеи во врска со јазикот. Тројцата едно попладне решиле да започнат „движење“ во поезијата, што го нарекле имажинизам, со цел борба против апстракција, романтизам, реторика, инверзија на редот на зборовите и преголема употреба на придавките.

Репости е збирка објавена во октомври 1912 година, со која Паунд се свртел кон минимализмот. Збирката содржела пет поеми од Хјум, како и превод на старата англиска поема од 18 век Морнарот.For the original text of The Seafarer, see "The Seafarer", Anglo-Saxons.net; for Pound's interpretation, see Pound, Ezra. "The Seafarer", Representative Poetry Online, University of Toronto. Научниците биле вознемирени поради неговите преводи од латински, италијански, француски и кинески јазик, нешто поради грешките, но и поради тоа што преводите не биле пренесени во културниот контекст. Неговиот превод на Морнарот добил многу негативни критики во 1919 година.Alexander (1979), 62 Иако Паунд не знаел кинески, неговите преводи на кинеска поезија некои ги сметале за најдобри.

Во август 1912 година, Паунд почнал редовно да објавува во списанието Поезија, каде испраќал свои песни, како и од Џејмс Џојс, Роберт Фрост, Дејвид Херберт Лоренс, Јејтс, Х.Д. и Ричард Алдингтон, при што собрал материјал за антологијата од 64 страници, Имажистите (1914). Така ова движење почнало да го привлекува вниманието на кртичарите.Stock (1970), 143–147; Tytell (1987), 97

Списанието Егоистот се декларирало дека објавува дела од „кубизам, футуризам, имажинизам, и од сите форми на модерната уметност“, во што Паунд видел можност да го прошири имажинизмот во сликарството, и тоа го нарекол вортицизам. Сфаќањето за имажинизмот на Хилда и Ричард Алдингтон почнало да се разликува од тоа на Езра Паунд, што резултирало со невклучување на поезијата на Паунд во антологијата на поетите имажинисти финансирана од Ејми Ловел. Во јули 1914 година, Езра Паунд објавил дека движењето е мртво, и побарал од поетите да не се нарекуваат имажинисти. Тие не се согласиле, бидејќи не верувале дека движењето било на Паунд.

Прва светска војна thumb|upright|Паунд ја нарачал оваа скулптура од Анри Годе-Бжеска во 1913 година Меѓу 1914 и 1916 година, Паунд соработувал со Џејмс Џојс на неговиот роман Портрет на уметникот во младоста, помагајќи му да го издаде како книга. До 1917 година, Паунд редовно соработувал со три книжевни списанија. Војната длабоко го погодила, посебно смртта на вајарот Бжеска, од кого две години претходно нарачал скулптура. Наредната година објавил мемоари за Годе-Бжеска. Во есента 1917 година, неговата депресија се влошила. Некаде во тој период Хјум бил убиен при бомбардирање во Фландрија. Во 1918 година, по прележан грип, Паунд решил да престане да пишува за списанието Мал преглед, поради обемната работа, откако му го одбиле барањето за покачување на хонорарот, со што би си платил некој да му пишува на машина за пишување.Moody (2007), 342

Во 1919 година објавил збирка есеи од текстовите што ги објавувал во Мал преглед, а во мартовското издание на Поезија објавил поеми од серијалот Проперциј, што биле преводи на поезијата на староримскиот поет Секст Проперциј. Во својата збирка од 1921 година ги вклучил овие поеми, нарекувајќи ги Пофалба на Секст Проперциј.

Париз (1921–1924) Во јануари 1921 година, Паунд се преселил во Париз, каде се дружел со Марсел Дишан, Тристан Цара, Фернан Леже и други дадаисти и надреалисти, како и со Базил Бантинг, Ернест Хемингвеј, Хедли Ричардсон.Meyers (1985), 70–74 Таа година ја објавил книгата Поеми 1918–1921. Во 1922 година, Т. С. Елиот му го испратил ракописот на својата поема Пуста земја, и потоа дошол во Париз за да работат заедно на средување на поемата.Bornstein (1999), 33–34 Хемингвеј исто така го замолил Паунд да ги прегледа неговите кратки раскази.

Во Париз во 1922 година, Паунд се запознал со американската виолинистка Олга Раџ, со која потоа бил во долга љубовна врска, која траела 50 години, а на која неговата сопруга Дороти замижувала.

Италија (1924–1945) Езра и Дороти Паунд решиле да се преселат во Италија, во малото место Рапало, најмногу заради влошеното здравје на Езра во Париз.Tytell (1987), 191–193 Во тој период живееле од парите што ги заработувала Дороти.Tytell (1987), 225 Олга Раџ, која била бремена од Езра, ги следела во Италија, и во јули 1925 година ја родила ќерката, Мери, која веднаш ја дала во германско семејство да ја одгледуваат за 200 лири месечно.Tytell (1987), 198 Кога Дороти дознала за детето, го оставила Езра. Во декември 1925 година, Дороти заминала на долго патување низ Египет, и кога се вратила во март 1926 година, била бремена.Carpenter (1988), 450–451 Во септември 1926 година, Хемингвеј ја однел Дороти во болница, каде го родила синот Омар Паунд. Иако детето не било негово, Езра се потпишал како татко, а на неговите родители им напишал писмо во кое се пофалил дека „пристигна следната генерација“.Carpenter (1988), 452–453 Дороти синот го испратила кај мајка ѝ во Лондон, која го одгледала.