Полската азбука е писмото со кое се пишува полскиот јазик. Таа се заснова на латиницата, но користи и дијакритици како креската, која е графички слична на остриот акцент (на пр.: ź, ś), како и горна точка (ż) и огонек (ą, ę). Стандардното кодирање на полската азбука е ISO 8859-2 (Latin-2), а нестандардни, но соодветни се и ISO-8859-13 и ISO-8859-16.
Полската азбука има 32 букви, во кои спаѓаат 9 самогласки и 23 согласки.
Поврзано: Полска фонологија + Полска азбукаГолеми буквиAĄBCĆDEĘFGHIJKLŁMNŃOÓPRSŚTUWYZŹŻМали буквиaąbcćdeęfghijklłmnńoóprsśtuwyzźż
Буквите Q, V и X не спаѓаат во полската азбука но се употребуваат за реклами и странски зборови. Тие му се едноставно непотребни на полскиот изговор. Наместо нив, се употребуваат буквите K, W, односно KS/GZ.
Поврзано Полски правопис Македонска транскрипција на полскиот јазик
Азбука Категорија:Полска азбука