Тајгета () или — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е од страна на екипа астрономи од Универзитетот на Хаваи предводени од Скот Шепард, во 2000 година и првично бил означен под името S/2000 J9IAUC 7555: Satellites of Jupiter 2001 January 5 (discovery)MPEC 2001-A29: S/2000 J 7, S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10, S/2000 J 11 2001 January 15 (discovery and ephemeris)MPEC 2001-T59: S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10 2001 October 15 (revised ephemeris).
Тајгета има околу 5 километри пречник и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 22,439 Gm во 686,675 дена, со наклон од 165° до еклиптиката (163° до Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со ексцентричност од 0,3678.
Месечината е именувана во октомври 2002 година IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 October 22 (naming the moon) по Тајгета, ќерка на титанот Атлас.
Тој припаѓа во т.н. Кармина група, составен од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 23 до 24 гигаметри и наклон од околу 165 °.
Наводи
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2000 година Категорија:Кармина група Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Дејвид Џуит Категорија:Месечини со повратна орбита