Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во битолското село Српци, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во Долното Маало на селото.
Историја
Според натписот на црквата била подигната во 1831 година, а обновена во 1924 година.
Архитектура
Црквата е еднокорабна градба со припрати на три страни (запад, север и југ). Состојбата на црквата е лоша при што се забележуваат подземна влага, дилатација на плафон и прокиснување на апсидата. На црквата претходно бил обновен тремот и била малтерисувана фасадата.
Фрескоживопис
Нема податоци кога е насликан живописот, но истиот се наоѓа во катастрофална состојба, особено во олтарниот простор. Потребни се итни мерки за конзервација и реставација.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Српци
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Српци Категорија:Дела на Дебарската школа