Лонгонот — голем заспан стратовулкан кој се наоѓа на раседот Грегори во Кенија, кој влегува во составот на Голема Раседна Долина. Лонгонот е дел од најголемата вулкански синџир на раседи, и се протега од Џибути до Мозамбик. При проучувањето на раседот во Кенија е прецизирано дека само четири вулкани кои се наоѓаат овде, пројавуваат некаква активност. Тоа се Лонгонот, Сусва, Мененгај и Пака.

Вулканот се наоѓа на 100 километри западно од главниот град Најроби, во јужниот дел на падината на езерото Најваша во територии населени од Масаите.Volkano Live, John Seach – Longonot Volcano Се издигнува меѓу риолитното поле Олкаријс на 20 километри северозападно и вулканот Сусва, кој се наоѓа на 30 километри јужно од него.

Името Лонгонот произлегува од масајскиот збор Oloonong\'ot, што значи „Планина со многу сртови“ или само „стрмни гребени“Shoor Safaris, African Safari Experts – Mount Longonot National Park.

Опис

Вулканот се состои од широка купа со стрмни ѕидови и голем централен конус, кој се издига од нејзиното дно. Овој конус е скрате од помала, тркалезна купа. Лава од подоцнежни ерупции е покриена по дното на старата купа и падините на вулканот, формирајќи неколку слоеви. На североисточното крило на главното тело се издига еден дополнителен, добро сочуван, паразитски конус. Падините на вулканот се проследени од огромни пукнатини и кањони од лава, а над нив се носат геотермални испарувањаMagical Kenya – Mount Longonot. Масајските преданија ја датираат лавината по северните падини кон 19 век. На југозападните падини се јавуваат многу помлади текови од лава.

Параметри

Вулканот претставува трахитен конус што се издигнува на 2.776 метри надморска височина. Неговата основа зафаќа површина од 30 км2, а нејзиниот волумен е околу 280 км3.R. Macdonald, B. Scailletb – „The central Kenya peralkaline province: Insights into the evolution of peralkaline salic magmas“/Environment Centre, Lancaster University, France. Купата е голема, со димензии 12х8 километри, а кратерот има површина од 35 км2.. Помалата купа во централниот конус има пречник 1,8 километри. Во 1980 година Скот проценува дека обемот на најголемата купа бил 26,5 км3, а на малата - 11,25 км3. Основата на раседот во Кенија достигнува максимална надморска височина од 2000 метри меѓу Лонгонот и вулканот Мененгај. Вулканот се издига околу 700 метри над нивото на околниот терен. Се верува дека во историски времиња вулканот избил во 9150 п.н.е. ± 150 години, 3650 г.пр.н.е., 1270 г.пр.н.е., 1330 година, 1600 година и 1863 г ± 5 години. Геологија

Лавата од раните ерупции на овој кватернерски вулкан содржи голема количина на пемзажен камен во застоените пирокластити. Доцната лава се состои од претежно пирокластични трахитиCallum R. Firth, Bill McGuire – „Volcanoes in the Quaternary“, Geological Society, Special Publication/Том 5/брой 161/1999 г.. Посебна одлика се многу блескавите црни јата на опсидијан на падините и на купата на вулканот. Присуството на базалт во лавата има влијание врз структурата на купата.

Содржината на изотопи на олово во трахитите на Лонгмонт не е во согласност со неговиот затворен систем. Во 2004 година, Роџер шпекулирал дека повеќе од 10% од овие материјали се исфрлени од блискиот вулкан Олкарија. И претпоставката на Скот е дека колапсот на купата на Лонгмонт била проследена со повлекување на магма околу околните фрактури.

Во 1998 година била испитувана површината на вулканот и било откриено дека под кратерот на врвот има централно магматско огниште чија температура, според геохемиските анализи, достигнала 3000 °C. Податоците покажале присуство на радон и јаглерод диоксид во комората. Изворот на топлина се очекува да биде длабок околу 6 километри. Покрај тоа, забележана е аномалија која покрива површина од 70 2. Потенцијалната моќност е над 200 мегавати.

Фази на развој мини|400п|ляво|Лонгонот Се претпоставува дека во неговиот развој вулканот Лонгмонт поминал низ седум фазиS. C. Scott – The Geology of Longonot Volcano, Central Kenya: A Question of Volumes/Philosophical Transactions of the Royal Society of London. Series A, Mathematical and Physical Sciences/1980 . Релативно малку детали се објавени на петрологијата и геохемијата во текот на првите два периода..

Прва фаза - Вулканот се издигнал преку плеистоценот, заедно со формирањето на Големата Раседна Долина. Конусот се градел главно од трахит со волумен од 230 км3. Втора фаза - При голема експлозивна ерупција пред околу 21.000 години се формирала главната купа. Повеќе од км3 од вулканскиот материјал бил исфрлен. Трета фаза - Подоцна следела нова ерупција што се случила не во централната купа, туку низ пукнатините на северните падини на вулканот. Вкупниот волумен во тоа време изнесувал 0,5 км3. Четврта фаза - Во подоцнежна фаза следела ерупција на големи количини вулканска пепел и лава кои содржале трахитни пирокластити. Материјалите на оваа ерупција речиси ја пополниле купата на вулканот. Столбот од лава создал нов, внатрешен, трахитен конус во главната купа. Материјалите од оваа ерупција имале обем од 16 км3. Издигнувањето на новиот конус било завршено во 3280 г.пр.н.е. ± 120 години со празнење на вулканската пепел Петта фаза - Ерупцијата од лава била прекината од ерупција на нови големи количини вулканска пепел. Тоа било проследено од следната ерупција, концентрирана во точка на врвот, во отвор кој се наоѓа асиметрично на купата. Секундарната купа се појавила на врвот на внатрешниот конус со пречник од 1,8 км. Во текот на оваа фаза, вулканот исфрлил над 2 км3 материјали. Лавата содржи главно сиенит и трахит, смешани со содалитни фенокристали и пемза. Покрај тоа, карпите формирани во текот на оваа фаза биле насипани со силициум. Шеста фаза - Неодамнешна ерупција, лавата еруптирала од малиот кратер и имала ист основен состав од трахит. Околу 0,34 км3 од неа се излевале во главната купа. Седмата фаза - Ова фаза е последната ерупција која се случила во 1863 година, при што лавала се излеала не од еден од двата кратери, туку во делови од северната и југозападната падина. Таа истекла надолу во два правци, но нејзината количина не е голема - само 0,045 км3, па поради тоа. загубите биле минимални. Главно содржи трахит

мини|1100п|ляво|Големата купа на Лонгонот во 2010 година Национален парк Лонгмонт Вулканот се наоѓа во Националниот парк Лонгонот (Mont Longonot), кој започнува на околу 90 km од Најроби и се простира на површина од 52 km2. Територијата добила статус на национален парк во 1983 година. По каменастите падини на планината се оформени V-обликуван долини и сртови со ниска храстовидна вегетација, а купата е обрасната со густа шума. Планината и паркот обезбедуваат погодно живеалиште за многу диви животни. Од грабливците, овде може да се најдат ограничен број лавови и леопарди. Тревопасните животни се претставени од биволи, жирафа, зебра, антилопи и гзели. Претставници на приматите се бабуни. Планината е дом на 103 видови птици, од кои најчести се карпести мршојадци, и илјадници ластовици. Карпите на Лонггонот се традиционално место за гнездење за орелот.

Во март 2009 година на врвот и на падините на Лонголот избувнувал голем пожар, кој уништил околу 4 600 хектари шумска вегетација. Голем дел од поголемите животни успеале да побегнат, но многу мали шумски животни биле запалени од огнот.

Денешна состојба

Сателитските слики во текот на последната деценија покажуваат дека висината на планината е зголемена за неколку сантиметри.eTN – Mount Longonot National Park volcano in Kenya may go active. Овие мали промени кои не се забележуваат со голо око, биле откриени од сателитскиот радар InSAR. Проучувајќи ги сателитските снимки, научниците од Европската вселенска агенција дошле до заклучок дека за периодот од 2004 до 2006 година вулканот пораснал за околу 9 сантиметри. Постои бавно растечка вулканска активност, особено под површината каде што се зголемува нивото на магмата. Не може да се видат други надворешни знаци како што се пареа или чад. Во средината на XX век билло соопштено за присуство на околу 30 активни фумароли по вулканот, кои се активни и во денешно време.

Вулканот се наоѓа во густо населена област, и ова бара внимателно набљудување и проучување. Истражувањето, исто така, обезбедува информации за геотермалниот потенцијал на регионот. Кенија е првата африканска земја која гради геотермални електрани и користи обновлива, еколошки алтернатива за јаглен и нафта. Влијанието на такви видови ресурси може да стане важен економски двигател за регионот.. Недалеку од вулканот Лонгонот е изградена геотермална електрана која произведува струја..

Наводи

Надворешни врски Kenya Wildlife Service – Mount Longonot National Park Webcam pointed at Mt. Longonot from Kijabe Guide To Mount Longonot Hiking

Категорија:Стратовулкани Категорија:Вулкани во Кенија Категорија:Планини во Кенија Категорија:Калдери во Африка