Хуан Фелипе Алвес Риберто,познат како Хуан Фелипе, (роден на 5 декември 1987 г.) — бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Вардар во Првата македонска фудбалска лига.
Технички карактерситики Хуан Фелипе е офанзивен играч од средниот ред или полушпиц, а исто така може да игра и како крило. Има солидна техника, добар дриблинг и моќен удар од далечина.
Кариера Хуан Фелипе играл за клубовите Санто Андре и Ред Бул Бразил пред да се пресели во Боливија во 2012 година за да игра за Ориенте Петролеро. Фелипе одиграл само девет натпревари во дресот на Ориенте Петролеро, постигнувајќи еден гол. После една сезона во Боливија тој потпишал за бразилскиот клуб Сао Карлос.
На 12 јули 2014 година, Хуан Фелипе потпишал двегодишен договор со бугарскиот клуб ЦСКА Софија. Тој дебитирал во победата од 4-0 против Хасково на 10 август, со влегување во игра во второто полувреме од натпреварот. Својот прв гол за клубот, тој го постигнал во победата од 3-0 против Локомотив Пловдив. На 30 ноември, Фелипе промашил пенал за ЦСКА Софија на натпреварот против Марек Дупница на стадионот Бончук кој завршил со резултат 0-0.
Во летото 2015 година, Фелипе потпишал за македонскиот клуб Вардар.Бразилецот Хуан Фелипе нов фудбалер на ФК Вардар Вечер; 20 јуни 2015 Првиот гол за Вардар, тој го постигнал на 16 август 2015 година, во гостинската победа од 3-1 над Шкендија.Фелипе: Нишанев каде што сакав, многу ми е драго што погодив на така важен меч! Спортмедија; 18 август 2015
Достигнувања Клупски достигнувања Вардар Прва македонска лига (2) : 2015–16, 2016–17 Суперкуп на Македонија (1) : 2015
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје)