Џејсон Антони Гранџер Амодио (роден на 15 септември 1989 во Монтевидео) е уругвајски кошаркар, плејмејкер на Басконија.

Тој има и италијанско државјанство.

Животопис Џејсон Гранџер е син на Џеф Гранџер, американски професионален кошаркар, роден во Њу Џерси, кој играл во уругвајската кошаркарска лига во раните 1980-ти. Тој станал уругвајски државјанин и играл за уругвајската кошаркарска репрезентација. Подоцна тој се иселил во Монтевидео, Уругвај, каде што Џејсон се родил.

Клупска кариера Младински категории Роден во Монтевидео, Уругвај, Гранџер играл за младинските категории на уругвајскиот клуб Атлетико Кордон.

Естудијантес left|thumb|200px|Гранџер играјќи за Естудијантес во 2013. Во декември 2005 година, Гранџер дошол на проби во шпанскиот тим Естудијантес, а подоцна во 2006 тој потпишал договор со нив, на возраст од само 16 години.

Сепак, уругвајскиот клуб на Гранџер, Атлетико Кордон, побарал обесштетување, што значи дека Гранџер можел да игра само во аматерското 4-то ниво на шпанскиот кошаркарски лигашки систем, Лига ЕБА, за една и пол година, додека трибуналот на ФИБА го одлучувал случајот. Трибуналот конечно му доделил на уругвајскиот клуб компензација од 25.000 евра во 2007 година, при што Гранџер бил многу критикуван во однос на активностите спрема неговиот поранешен тим.

Во текот на летото 2007 година, учествувал во американскиот камп Кошарка без граници, и бил избран за МВП на кампот. Гранџер го направил своето деби во АЦБ лигата, првото ниво на шпанската кошарка, за време на сезоната 2007-2008. За време на сезоната 2012-2013 тој имал просек од 11 бода и 3.4 асистенции по натпревар во шпанската АЦБ лига.

Уникаха Малага 200px|right|thumb|Гранџер во Уникаха Малага Во јули 2013 Гранџер играл на Летната лига на НБА 2013, со екипата на Бостон Селтикс, запишувајќи 6 бода и 3.6 асистенции по натпревар, за околу 18 минути во просек по натпревар, во 5 натпревари.

По истекот на неговиот договор со Естудијантес, тој потпишал со друг шпански клуб Уникаха Малага, подоцна истиот месец, откако нивната понуда неговиот поранешен клуб не можел да ја изедначи. Во првата сезона во дресот на Уникаха одиграл 40 натпревари во шпанската лига со просек од 9.8 бода, 4.5 асистенции и 2.2 скока по натпревар. Исто така дебитирал во Евролигата каде на 24 натпревари имал просек од 7.5 бода, 3.4 асистенции и 2.1 скока по натпревар.

Во јули 2014 повторно учествувал во Летната лига на НБА овојпат со екипата на Кливленд Кавалирс, каде имал просек од 2.3 бода и 1 асистенција во просек по натпревар, во 4 одиграни натпревари.

Грaнџер бил избран во тимот на шпанската АЦБ лига за сезоната 2014-15, откако бил избран како еден од двата најдобри бекови во лигата, заедно со Серхио Љуљ. Тој имал во просек 9.7 бода, 3.3 скока, 5.2 асистенции и 1.2 украдени топки по натпревар во регуларниот дел од сезоната во лигата. Тој, исто така, одиграл клучна улога на патот на неговиот тим до полуфиналето на плејофот каде биле елиминирани од Барселона со 3-2 во победи.

Анадолу Ефес На 26 јуни 2015, Гранџер потпишал двегодишен договор со турската екипа Анадолу Ефес. Во октомври 2015 со клубот го освоил Суперкупот на Турција со победа од 76-74 над Пинар Каршијака.

Басконија На 16 август 2017 година, Гранџер потпишал тригодишен договор со Басконија враќајќи се во шпанската АЦБ лига по две години пауза.

Титули Анадолу Ефес Суперкуп на Турција (1) : 2015

Наводи

Надворешни врски

Џејсон Гранџер на Eurobasket.com Џејсон Гранџер на Euroleague.net Џејсон Гранџер на RealGM.com

Категорија:Уругвајски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Играчи на КК Естудијантес Категорија:Играчи на КК Уникаха Малага Категорија:Играчи на КК Анадолу Ефес Категорија:Играчи на КК Басконија Категорија:Родени во 1989 година