thumb|300п|Сацумски самураи сликани пред периодот Меиџи коишто се бореле за уривање на класниот, ксенофобен систем Меиџи (明治時代 меиџи џидај = „период на просветено владеење“) — период во историјата на Јапонија што траел 45 години од 23 октомври 1868 до 30 јули 1912 за времето на тогашниот јапонски цар — Муцухито, наречен „Меиџи“ („Просветлениот“), познат по како укинувач на феудализмот.

Пред 1868 г.

Пред Меиџи периодот јапонските цареви немале моќ и едноставно претставувале фигура. Јапонија била регулирана од страна на неколкуте моќни самураи (заповедници) со воена диктатура преку кои со векови било одлучено државата да биде изолирана и да нема контакт со надворешниот свет.

По 1868 г.

Со самиот почеток на овој нов период, било решено Јапонија да ги отвори своите граници на светот и да ја започни нејзината модернизација со што брзо се докажала како светска сила.

Политичарите од тоа време донеле 5 главни цели со кои добиле огромна поддршка од населението во формирањето на новата влада. Тие биле:

воведување на парламент вклучување на сите класи во државните работи социјална и работна слобода за сите класи заменување на старите закони и обичаи со нов законски систем ориентација кон меѓународно државно искуство за зајакнување на царството

По Меиџиевиот период, започнал периодот Тајшо со новиот цар - Јошихито во 1912 г.

Категорија:Историја на Јапонија