Гримсветн (; vötn = "вода", еднина: ) — вулкан во Југоисточен Исланд. Тој се наоѓа во висорамнините на Исланд на северозападната страна на ледникот Ватнајекидл. Калдерата е на 64°25′СПШ 17°20′ЗГД, на надморска височина од 1.725 метри. Под калдерата се наоѓа магматското огниште на вулканот Гримсветн.

Гримсветн е базалтен вулкан со највисока еруптивна честотата од сите вулкани во Исланд со кратерски систем во насока југозапад-североисток. Масовното климатско влијание на епупцијата на кратерот на Лаки во 1783 -1784 бил дел од истиот тој кратерски систем. Гримсветн избувнал заедно со Лаки во 1783, но продолжил да еруптира до 1785. Бидејќи поголемиот дел од вулканот се наоѓа под Ватнајекидл, поголемиот дел од ерупциите биле подледнички а допирот на магмата со стопениот мраз предизвикал фитомагнетна експлозивна активност.

Ерупција започнала на 21 мај 2011 во 19:25 УТЦ, со 12 километри висок еруптивен столб придружен со повеќе земјотреси, што резултирало со откажување на 900 летови во Исланд, и во Обединетото Кралство, Гренланд, Германија, Ирска и Норвешка, на 22 до 25 мај. До 25 мај на ерупцијата била поголема од онаа во 2010 на Ејафјатлајектл. Ерупцијата запрела во 02:40 УТЦ на 25 мај 2011, иако имало некаква експлозивна активност од тефра отворите само во областа околу кратерот.

Јекулхлауп Денес постојат повеќе езера формирани како резултат на глацијацијата од сите други езера заедно. Нивното формирање е различно. Терминот “ледничко езеро” го користат многу автори (пр, Хачинсон 1957) за секое езеро чие потекло се должи на некакво минато или сегашно дејство на ледникот. Ерупциите во калдерата редовно предизвикуваат такви леднички езера познати како јекулхлауп. Jökulhlaup figure 8.1 Ерупцијата топи доволно мраз за да се пополни калдерата на Гримсветн со вода и притисокот може да биде доволен за наеднаш да ги подигне ледените капи, овозможувајќи брзо излевање на големи количини вода. Затоа калдерата на Гримсветн се следи многу внимателно. Кога големата ерупција се случила во 1996 година, на геолозите однапред им било јасно дека ќе дојде до пукање на ледникот. Тоа се случило дури неколку недели по завршувањето на ерупцијата, но мониторингот обезбедил затворање на Исландската обиколница (Хрингвегур). Делот од патот низ Скејдарау сандур се поплавил, но немало повредени и вулканската ерупција не го пробила мразот.

Ерупциите во 1998 и 2004 година  десно|мини|Сателитски слики од ерупцијата на Гримсветн во ноември 2004 година Еднонеделната ерупција се случи во Гримсветн почнувајќи од 28 декември 1998 година, но немало леднички пукнатини. Во ноември 2004 година, се случила ерупција која траела една седмица. Вулканскиот пепел од ерупција паднал далеку во континентална Европа и предизвикал кратки прекини на авиосообраќајот во Исланд, но повторно немало леднички пукнатини по ерупцијата.

Ерупција во 2011  Хармонични потреси биле забележани двапати околу Гримсветн на 2 и 3 октомври 2010, кои можеби укажувале на претстојната ерупција. Во исто време, ненадејна инфлацијата била измерена со ГПС во вулканот, укажувајќи на магматски движења под планината. На 1 ноември 2010 година стопената вода од ледникот Ватнајекидл се влеала во езерото, што укажувало на ерупција на вулканот. десно|мини|Сателитска слика од 22 мај 2011 на вулкански еруптивен столб над Исланд лево|мини|Приказ на исландски пејзаж под облакот од пепел во текот на ерупцијата во 2011  мини|Гримсветн во август 2011 година. Пепел покривање на околните снег и мраз На 21 мај 2011 во 19:25 УТЦ започнала ерупција, со 12 километри висок еруптивен столб придружен со повеќе земјотреси. Облакот од пепел од ерупција нараснал до 20 километри и бил 10 пати поголем од ерупцијата во 2004, и најсилен во Гримсветн во последните 100 години. десно|мини|Сателитска слика од 23 мај 2011 на облакот од пепел на јужниот дел на Исланд Нарушувањето на воздушниот сообраќај во Исланд започнало на 22 мај, а потоа и во Гренланд, Шкотска, Норвешка, Шпицбершки острови и следните денови, мал дел од Данска. На 24 мај нарушен бил сообраќајот и во Северна Ирска и на аеродромите во северниот дел на Англија. Откажувањето на 900 од 90,000 европски летови во периодот од 23 до 25 мај било многу помалку раширено отколку нарушувањата во 2010 по ерупцијата на Ејафјатлајектл.

Бактериите во подледничките езера Во 2004 година, бактерии биле откриени во водата на езерото Гримсветн под ледникот, и тоа било првпат да се најдат бактерии во подледничко езеро. Езерата никогаш не замрзнуваат поради вулканската топлина. Бактериите исто така, можат да преживеат на ниски концентрации на кислород. Местото веројатно е аналогно за животот на планетата Марс, бидејќи и на Марс постојат траги од вулкани и исчезнати ледници па оттука овие наоди би можеле да помогнат во барањето живот на Марс.

Идни трендови Студиите укажуваат на тоа дека вулканската активност на Исланд расте и опаѓа, и дека честотата и големината на ерупциите во и околу ледената капа на Ватнајекидл варира со тек на времето. Се верува дека четирите ерупции, кои се имаат случено во последните петнаесет години, се почеток на активниот период, за текот на кој ерупција во Гримсветн во Ватнајекул може да се очекува секои 2 до 7 години. Паралелна вулканска активност во близина на Бардарбунга познато е дека е поврзана со зголемена активност во Гримсветн. Сеизмичката активност била зголемена во областа последните години, укажувајќи навлегување на магма.

Поврзано Географија на Исланд Список на ледници на Исланд Список на островите на Исланд Список на езера на Исланд Список на вулканите во Исланд Тектоника на плочите Хронологија на вулканите на Земјата Вулканологија на Исланд

Наводи

Надворешни врски Гримсветн во Каталог вулкани на Исланд Ажурирање на активноста на Гримсветн – од  Универзитетот на Исланд (се ажурира најмалку дневно) Тековната сеизмологија околу Гримсветн – Земјотреси во последните 48 часа Гримсветн ажурирања од NATS – контрола на воздушниот сообраќај во Велика Британија плус источниот дел на Северниот Атлантик Би-би-си вести за ерупцијата на 23 мај 2011 Извештај за почеток на ерупцијата на Гримсветн

Фотографски извештај од ерупцијата во ноември 2004 година Независни вести за ерупцијата од 2004

Категорија:Активни вулкани Категорија:Подледнички езера Категорија:Вулкани во Исланд